Само што запознавте едно згодно момче и веднаш ве копка кој знак е во хороскопот?Се прашувате кога е вистински момент да му го поставите ова прашање…
Ако обрнете внимание на неговиот изглед и однесување, а тој е типичен претставник на својот знак, брзо ќе дојдете до одговорот.
Овен
Тој е висок и спортски граден, а ако не е, тогаш е многу младолик, спортски облечен и горго носи имиџ на опасно момче. Обрнете внимание на неговото достоинствено држење, широка насмевка и продорен поглед, остар од, сигурен и директен настап при разговор.
Бик
Мажествен е, има силна мускулатура што веднаш им паѓа во очи на припадничките од понежниот пол. Плени со шарм, љубезен е и заведува со поглед. Може да биде „скоцкан“ во склад со најновиот тренд или боемски тип кој не прати мода, но секогаш има убави манири и џентлменски пристап.
Близнаци
Најчесто е висок и слаб, со посветли очи и детски дух, дури и во поодминати години. Забавен, комуникативен, точно знае како да ги шармира жените. Прв пат го гледате, но имате впечаток дека го знаете со години. Омилен е во друштво, духовит, дружељубив, секогаш спремен за акција.
Рак
Делува забавено и мирно, но жените ги чувствуваат емоциите кои се кријат под површината, тие имаат разбирање и нежност. Мажите во знакот Рак можат да бидат и мачо типови, динамични и заводници, но и таквите мажи мечтаат за идеална љубов, топол дом и семејство.
Лав
Сите погледи се насочени кон него, привлекува внимание каде и да се појави, оди гордо, делува авторитатвно, има убава, често таласеста коса, изразени очи, силна мускулатура и крупни дланки. Самоуверен е, шармантен, отмен и детинест. Без разлика дали е лут или опуштен поради некоја причина, секогаш е достоинствен.
Девица
Девиците се големи шармери, насмеани, љубезни, комуникативни, духовити, забавни. Долго го задржува младоликиот изглед, повеќе сака да се облекува лежерно и да носи фармерки, отколку скапи одела. Склон е на крајности, а во разговорите обрнува внимание на деталите и има добра меморија.
Вага
Овој знак секогаш плени со шарм. Тие се ненаметливи во друштво, имаат вродена отменост, кон жените се кавалјери и никогаш нема да ги оставаат на цедило. Изгледот им е многу важен, а посебно внимание и посветуваат на фризурата. Делуваат уредно и негувано, во главно имаат светол тен и делуваат младолико.
Скорпија
Харизма, секси имиџ, заводлива насмевка и џентлменските манири ги привлекуваат жените како магнет, па затоа и многу од жените сакаат да бидат во друштво на мажите од овој знак. Дури и претставниците кои на прв поглед делуваат сосема мирно и добродушно, оставаат силен впечаток на дамите бидејќи насетуваат дека се опасни. Изразот на лицето никогаш не ги открива нивните мисли и намери.
Стрелец
Во главно се крупни, па можат да делуваат мрзеливо и бавно, а всушност се спортски типови. Освојува со непосредноста и духовитоста, особено ако не е физички атрактивен. Се облекуваат лежерно и спортски, динамични се и не ги држи место. Сакаат патувања и провод, делуваат младолико повеќе поради нивното однесување отколку поради нивниот изглед.
Јарец
Има продорен и прониклив поглед, делува по малку ладно и воздржано, што во главно ги интригира жените. Тие се со средна висина, темна коса и изгледаат младолико. Не е многу комуникативен со непознати, додека со оние кои ги познава е многу расприкажлив, забавен и опуштен.
Водолија
Интересен е, необичен, шармантен и често оди подгрбавено. Иако делува расеано, на неговиот видик ништо не може да му избега. Води сметка за тоа што ќе облече или носи брендирана гардероба или го негува стилот по кој е препознатлив. Ја сака уметноста, науката и е љубопитен во разговорот.
Риби
Погледот на мажите Риби, секогаш кажува повеќе од зборови, но многу нешта и крие. Движењата му се итри, косата често „непослушна“, цртите на лицето пријатни, а тенот нежен. Делуваат енергично, младолико и сакаат да се дотеруваат. Делуваат како личности кои секогаш сакаат да помогнат.Се прашувате кога е вистински момент да му го поставите ова прашање…
Ако обрнете внимание на неговиот изглед и однесување, а тој е типиче