Дознајте која опасна и ретка инфекција ја предизвикуваат тетоважите

Оваа бактериска инфекција е ретка, но многу тешка за лекување. Обично ги напаѓа луѓето со ослабнат имунитет, а за прв пат се појавила кај здрави лица кои се тетовирале. Оваа инфекција на кожата, која ја предизвикува бактеријата Mycobacterium haemophilum, е забележана кај двајца мажи.
Бактеријата бележи сличности со туберкулоза и лепра и предизвикува симптоми во вид на јазли на заразеното место, црвенило, болка, оток и гноење. Инфекцијата не реагира на традиционалните антибиотици, па дури и со адекватни лекови е потребно неколку месеци за да се излекува.
Истражувачите сметаат дека од голема важност е да се крене свеста за нејзината опасност и да се преземат превентивни мерки.
Кај двата споменати случаи на инфекција постојат сомнежи дека за разредување на мастилата за тетовирање е користена вода од чешма која е можен извор на бактеријата. Затоа, стручњаците препорачуваат тату мајсторите во иднина да користат дестилирана или стерилизирана вода за тетовирање
Препорака до сите љубители на тетоважи: иако оваа инфекција е ретка, пожелно е внимателно да ги одбирате тату мајсторите за да се заштитите од овие проблеми. Проверете дали тие користат стерилна опрема за еднократна употреба, а пред тетовирањето консултирајте се со вашиот лекар.Оваа инфекција на кожата, која ја предизвикува бактеријата Mycobacterium haemophilum

Пронајдете не на следниве мрежи: