Дознајте што може да очекувате доколку сте во врска со амбициозна и независна девојка

Забавувањето со амбициозна и независна девојка е искуство од коешто сигурно можете многу да научите. Но, за почеток еве што може да очекувате.1. Не очекувајте да заобиколуваНеа нема да и падне на памет да “си игра“ со проблемите – ако нешто не и одговара, таа тоа веднаш ќе ви го каже. Повеќе од сигурно е дека сака да ги решава проблемите, отколку да ги “става под тепих“.
2. Не очекувајте дека постојано ќе се допишуватеДевојките како неа знаат како да комуницираат, и допишувањето едноставно не е нивна работа. Секако, по некоја порака во текот на денот е во ред, но не очекувајте дека тоа ќе ви биде основната комуникација.
3. Не се трудете да ја направите љубоморнаОвие начини може да делуваат само кај тинејџерка, но не и кај една созреана и амбициозна жена. Тоа што на својот Фејсбук профил ќе ставите слика со друга девојка кај неа нема да предизвика љубомора, бидејќи таа е силна и сигурна во себе.
4. Не очекувајте бесмислени разговориМоќните девојки се најчесто и елоквентни, паметни и добро образовани, така што со неа сигурно не би зборувале за тоа која е нејзината омилена боја за нокти.
5. Не очекувајте дека ќе ја поднесува вашата неодлучностАко сакате да ја однесете на вечера, најлошо нешто што може да го направите е цела вечер да ја поминете прашувајќи ја“Па не знам, каде би сакала да одиме?“. Покажете се и сами предложете место. Не се грижете доколку не и се допаѓа, таа секако ќе ви го каже тоа.
6. Нема да поднесува непочитувањеИако ова не би требало да го поднесе ниту една девојка, ако имате работа со силна девојка, тогаш ова е загарантирано. Таа знае дека заслужува да биде почитувана, па тоа и ќе го очекува од вас!
7. Нема да поднесува неодговорностАко сте и рекле дека ќе направите нешто, тогаш треба да го направите. Без оглед на тоа дали таа е вклучена во тие планови или не.
8. Очекувајте дека таа постојано ќе ве мотивираКога ќе започнете врска со ваква девојка, одма ќе забележите дека нејзиниот став и успех јако ќе ве мотивираат. Таа има свои цели и постојано работи на нив, па и вие ќе добиете желба покрај неа да го правите истото.
9. Очекувате дека таа целосно ќе ви се посветиМоќните девојки се лојални, иако важи спротивното мислење. Овие девојки го бираат партнерот по своја мера, и поради тоа тие не изневеруваат бидејќи не чувствуваат потреба да се докажат на тој начин. Но, иако таа нема да ви глуми домаќинка и да ви прави постојано сендвичи, сигурно дека постојано ќе биде со вас.
10. Очекувајте нови експериментиТаа го поминала својот живот исполнет со страст и возбудување пред да ве запознае вас. Таа го развила своето хоби, интереси и страсти, и би било убаво да ги испробате заедно со неа.
11. Очекувајте дека ќе бидете нетрпеливи за секоја следна средба со неаКога сте со амбициозна жена, нема шанси да ви биде досадно. Таа е постојано во движење, па дури и кога одмара на креветот, може да и падне на памет да ви предложи да отпатувате некаде на викенд.
12. Очекувајте дека заедно ќе изградите прекрасен животДоколку и двајцата сте моќни, паметни, мотивирани и полни со цели и соништа, на вашата среќа и нема пречка. Нема подобро чувство од тоа да знаете дека жената која е до вас ги дели со вас вашите интереси и амбиции.1. Не очекувајте да заобиколуваНеа нема да и падне на памет да “си игра“ со проблемите – ако нешто не и од

Пронајдете не на следниве мрежи: