Драган Бјелогрлиќ и дел од актерите ни гостуваат во киното Cineplexx

На наше особено задоволство ви го претставуваме филмот „Монтевидео, се гледаме!“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ.На наше особено задоволство ви го претставуваме филмот „Монтевидео, се гледаме!“ на режисерот Драган Бјелогрлиќ. Станува збор за продолжението на популарниот филм „Монтевидео, бог да те види“ од 2010 година кој во регионот стана голем кино хит и врз основа на кој е снимена истоимената телевизиска серија. Неговото продолжение ни пристига во киното Cineplexx и ќе биде поставен на редовниот репертоар од 13. февруари!   

Дејствието на филмот „Монтевидео, се гледаме!“ е фокусирано на играчите на југословенската фудбалска репрезентација кои во 1930 година пристигаат во познатиот град во Уругвај, каде ќе се оддржи Светското фудбалско првенство. Покрај самите натпревари кои ги одигра тогашната репрезентација за време на првенството, во филмот паралелно следиме и неколку интересни приказни (кои љубовни, кои национални, а кои и фудбалско-професионални).

На 12. февруари во 19:00 часот во лобито на киното ќе имате можност да го запознаете режисерот Драган Бјелогрлиќ и актерите: Петар Стругар, Иван Зекиќ, Ненад Хераковиќ, Предраг Васиќ, Андрија Кузмановиќи Раде Чосиќ, кои ќе ни гостуваат по повод премиерата на филмот.  На наше особено задоволство ви го претставуваме филмот „Монтеви

Пронајдете не на следниве мрежи: