Интегрален текст од изјава за медиуми на Драган Данев Хистерија, насилство и закани се вистинското лице на СДСМ и платениците на Сорос кое синоќа го виде целата македонска јавност. Невидениот вандализам и навредите кон сите што не мислат како нив го згрозија народот и ја отсликаа деструкцијата во која западна СДСМ и Сорос.
СДСМ и Сорос вчера одлучија да го оспорат правото на студентите на УКИМ да изберат свој лидер. Тие го сторија тоа на највалкан начин, давајќи наредба на малкумина кои ја поддржуваат нивната деструктивна политика, да се обидат да предизвикаат насилни инциденти за време на гласањето. Откако не успеаја во намерите, отидоа чекор подалеку и активираа провокатори кои биле студенти пред повеќе децении и кои немаат никаква допирна точка со студентското движење или со изборот на Претседател на СПУКМ. Хулиганите на СДСМ и Сорос се обидоа да спречат да се избројат гласовите на студентите кои излегоа да изберат свој лидер. Со ваквото насилничко однесување СДСМ и Сорос покажаа дека не ги почитуваат студентите и подготвени се да удрат по сите кои немаат намера да ја поддржат нивната деструкција. СДСМ и Сорос покажаа дека не ги интересира програма на кандидатите за Претседател на УКИМ и самиот избор, туку ги интересира само оспорувањето на изборот.
Тоа што го видовме вчера при изборот на Претседател на СПУКМ е слика на тоа што го гледа јавноста изминатиов период на централно ниво. СДСМ и Сорос немаат поддршка од граѓаните за хулиганството и вандализмот. Рејтингот на СДСМ тоне, како што се зголемува нервозата и деструкцијата. Затоа СДСМ бега од избори и од соочување со граѓаните. Затоа СДСМ се труди да ги блокира изборите и го оспорува уставно загарантираното право на граѓаните да гласаат и да и дадат легитимитет на политичката опција која што сметаат дека може да ја извлече Република Македонија од кризата.
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува присебната и професионална реакција на полицијата која не дозволи да ескалира вандализмот и насилството и не подлегна на провокациите и навредите упатувани од активистите на СДСМ и Сорос.
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува и присебноста на СПУКМ кои не дозволија мала група на хулигани да го оспорат демократското право на илјадници студенти. Насилството и вандализмот немаат иднина и перспектива. Тие се единствена опција само за аболицираниот криминалец Зоран Заев кој сака да продолжи да креира тензии, кризи и конфликти во државата. СПУКМ треба и во иднина да продолжи да работи во интерес на студентите и да ги штити нивните права, спроведувајќи мерки за подобрување на нивниот стандард.
Хистерија, насилство и закани се вистинското лице на СДСМ и платениците на Сорос кое синоќа го виде целата македонска јавност. Неви