Дрекслмајер сигурен партнер на Македонија!- Дрекслмајер оствари средба со вработените кои штрајкуваа
– Платата во Дрекслмајер е над минималната законска плата
– Дрекслмајер им овозможува на вработените обемни дополнителни услуги
– Бесплатниот организиран транспорт на вработените функционира без проблеми
Кавадарци/Македонија, 13 Мај, 2014 – Денес Менаџментот во фабриката во Кавадарци оствари средба со вработените кои штрајкуваа со цел да се разјаснат комуникациските недоразбирања.
Основната месечна плата која што Дрекслмајер Групацијата во Кавадарци ја исплаќа на своите вработени е над законската минимална плата во Македонија. Над тоа Дрекслмајер им обезбедува дополнителни исплати и услуги. Кон тоа спаѓаат исплата за работа во смени, бонуси за остварени цели, исплата за прекувремена работа. При тоа на вработените им обезбедува и медицинска нега во самата фабрика како и бесплатен оброк.
Спротивно на тврдењата Дрекслмајер не им ја намали платата на своите вработени. Овде се работи за недоразбирање. Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќаат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа нето-плата. Дрекслмајер се придржува на превземените обврски кон вработените.
Транспортот за вработените веќе долг период се одвива без проблеми. Дневно околу 30 автобуси во смена ги превезуваат вработените до нивното работно место и ги враќаат пак до нивните домови. Дополнително на вработените кои живеат на поголема одалеченост и за кои нема организиран транспорт им се исплаќаат транспортни трошоци.
Во март Претседателот Ѓорге Иванов заедно со заменик Премиерот и Министер за економија Владимир Пешевски ја посетија фабриката Дрекслмајер во Кавадарци. Еден месец подоцна и Министерот за финансии Зоран Ставрески беше гостин во фабриката. При тоа високите политичари констатираа: Дрекслмајер создава и обезбедува многу работни места во Македонија. Дрекслмајер ги школува и квалифицира своите вработени. Со тоа младите луѓе добиваат перспектива за иднина.
Со над 4,000 вработени Дрекслмајер Групацијата е најголемиот работодавач во Македонија. Дрекслмајер одговорно ја превзема својата социјална и општествена улога. – Дрекслмајер оствари средба со вработените кои штрајкуваа
– Платата во Дрекслмајер е над минималната законска плата
– Дрекслмајер