ДРЕВНИТЕ КОРЕНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: Пат низ времето и просторот на македонскиот јазик и описменувањето на светот

Презимето на можеби најпознатиот научник и физичар на 20-от век, Алберт Ајнштајн (Einstein), знаете ли што значи? “Еден камен!”: Ein = еден (1) и Stein = камен (на Англиски: Stone) – уствари од Македонски “Стена“. Треба ли да ce спомнe дека на пример прастарото име на Демир Капија било Стена?Сведоштва за Македонското Писмо и Јазик има безброј и тие се единствени и непобитни докази за континуитетот на Македонската писменост која била раширена по целa Eвропа и пошироко.

Македонскиот јазик е единствениот јазик во Европа, а можеби и во Светот, којшто може да си ги пронајде корените уште пред новата ера. Потврда за тоа имаме во Македонскиот Зборник (“Glossario“) на Америас, во мноштвото документи од Старото (Рим) и Новото Римско царство (Константинополитана Нов Рим), како и во Лексиконот на Македонски Jазик од 16 век. Во сите нив среќаваме зборови кои се апсолутно и недвосмислено исти на денешниот литературен Македонски јазик.
 
Tака на пример древниот Македонски лексикограф Америас во 3-от век п.н.е ги запишал чисто Македонските зборови: Зелка, Елан, Кал-јаруга, Клизи(он), Легло, Лична, Смуѓ, Шор, и т.н. Англискиот историчар Хамонд (T.Hammond) направи случај со зборот “Челник” кој остана забележан од повеќе антички автори. Типично е и името на Македонската капа за сонце „Каусиа“, на модерен Македонски: кога ќе усвити (сонцето).[1]
Римјаните од Стариот Рим и Ромеите од Константинополитана Нов Рим истотака ни пренесоа други бројни сведоштва за континуитетот на Македонскиот јазик низ вековите. Така, во 4 и 5 век го имаме важниот сведок на Македонската писменост – Св. Јероним од Стриговиа, кој останал забележан како доктор, теолог и познат историчар во Сиријa на тогашното Ново (Источно) Римско Царство во 4-от и почетокот на 5-от век. Но најважно од сé е што останал забележан како творец на Глаголицата – цели четири века пред Кирил и Методиј!
 
Горе: Од „Хроника“ на Антон Врамец од 1578 г. каде тој помеѓу другото запишал: „429.(гoдина) Свети Йеронимдоктор словен (писмен), oво време умре у Витлеем, деведесет и едно лето је бил стар, роден од Еузебиусу Стриговиа[2], у многи книги наДијачки[3] јазик напиcа, и Глаголска книга и Писмо он најде и справи.“ (приближна транскрипција за полесно разбирање)
Доле: Глаголицата (или ‘Буквица‘)на Св. Јероним од 4-5 век од нашата ера, како што стои забележана во архивите на Ватикан.
 
Потоа во Сирија, која во последно време за жал ја гледаме заради крвопролевање и страдања, ни остана уште еден споменик на Македонскиот јазик и писменост. во местото кое денес се вика „Палата на Синот на Вардан“ (Qasr Ibn Wardan) се наоѓаaт остатоци од прекрасна црква и палата изградена од Јустинијан I Велики. Комплексот се наоѓа на работ на пустината североисточно од Хама. Бил изграден заедно со придружни воени бараки за време на владеењето на Јустинијан, и завршен во 564 година. Како засилување на околните Ромејски тврдини, како што се Халабиех (Halabiyeh) и Ал-Рашафех (Al-Rasafeh), служеле како истурена одбрана на Новото Римско царство Â (Константинополитана Нова Рома) од Персијците на исток.
 
Но, она што за нас Македонците е интересно околу ова место се натписите зачувани на градбата на ова здание од времето на Јустиниjан I Велики. Бидејќи се напишани на Кирилица и – на Македонски јазик! На едниот од порталите на црквата може многу јасно и буквално да се прочита Септември (СЕПТЕМBPI), а на друг понатаму Ноември (NОЕМВРI):

 
 
Како што може да се види и од сликите и натписите, кои за секој нормален и писмен човек се многу јасно видливи, нема место за сомнеж: „Септември и Ноември“ се многу јасно и читливо напишани на јазик ист со денешниот наш Македонски јазик. Што не би требало ни многу да не чуди ако знаеме дека Јустинијан I бил родум од Таор близу Скопје. А таму сигурно не збореле Јапонски или Турски (уште помалку Англиски), бидејќи во 6 век овие јазици уште не биле измислени.
Значи Македонскиот јазик со кој ние и ден-денес зборуваме, во помалку или повеќе неизменета форма бил во употреба и за време на владеењето на Јустинијан I Велики, а сигурно и пред него. Докази за тоа и за континуитетот на Македонската писменост која била раширена по цел свет има безброј, а заслугата за неа денес се приграбува од многу модерни нации, но caмо не од Македонската.Â
Би требало повеќе да не запрепасти неозбилноста и индолентноста на нашите (ај за странските фалсификатори и арамии да не се чудиме) лингвисти и научници, кои сеуште ни сервиpаат една иста странска метанија дека: „писменоста ни ја создале Кирил и Методијдури во 9 век…“ Па откаде тогаш чисто Македонски зборови на чисто Македонско писмо од 564 г. во Сирија? Повеќе од 3 века пред официјалната приказна што ни ја продаваат како алва… До кога восочните фигури од МАНУ ќе ќутат за овие и други факти?
Значи, ако зборовите “Септември” и “Ноември” се зачувале во иста форма во Македонскиот јазик цели 15 века, т.е. еден и пол милениум (1500 години!), нема причина да не веруваме дека и други зборови не биле исти или слични и пред 6-от век, или уште порано, пред новата ера.
Ромеите од Константинопол, покрај “Септември” и “Октомври” ни сочуваа и многу други наши зборови кои денес ги велат “Латински“. еден таков типичен Македонски збор какошто е “Другар” означувал армијски чин од ранг на Капетан во Ромејската Војска (еден Drouggarios[4] командувал со 1000 коњаници). Или “Пролетери“! Toa не се никаква “Работничка класа” туку Пролетари, т.е. млади, полетни (пролетни). Кој не верува слободно нека го погледа етимолошкото објаснување на овој “Латински” (?) збор. (cпоред мене вистинското значење на терминот “Латински” е всушност “Лажински”, а „латин“ значи лажен!)
Значајно е да се напомене и тоа дека според историските извори Сиријските кристијани во тоа време јасно се чувствувале како дел од таканаречената Сиро-Македонска и Константинополскo-Македонска културна историја. Да не заборавиме дека Константин I Велики, Јистинијан I Велики, како и Македонската династија на Васил II “Вулгароубиецот” биле сите од Македониja.
Кои биле овие Сиро-Македонци во 6-от век во тогашна Сирија? Интересно е да се спомне и тоа дека во античката Горна Македонија, или Пајонија (денешна Р. Македонија) постоеле и Сиро-Пајонци! Според познатиот Сиријски историчар и теолог Јаков од Воден (Jacob of Edessa) династијата на Авгаридите која останала во Сирија по походот на Александар била по потекло од Македонија, од околината на Воден. Тој понатаму објаснува и дека тие бидејќи биле родум од Беломорска Македонија, затоа и таму во Сирија градот кој го основале на местото на поранешниот град Урхој (Urhoy) си го нарекле истотака – Воден. Тоа е само еден од низот градови со Македонски имиња во Мала Азија посведочени од историчарите: Бела, Бер, Диум, многубројните „Александрии“, и т.н.
Сиро-Македонците, бидејќи не основале свое кралство, ja признавале влаcтa нa Константинополитана Нова Рома и Ромејската империја владеена од Македонски династии како единствена своја држава. Истотака, нивното рано прифаќање на кристијанската вера, запишано во историските хроники и според кристијанските записи и еванѓелија, се поклопува повторно со нивното Македонско културно потекло.
Е Â дури потоа настапиле Кирил и Методија, кои во 9-от век на барање на Великиот Кнез Ростислав од Велика Моравија, и по наредба на Царот од Контантинополитана Нов Рим, пристапиле кон создавање на азбука која би била читлива за тогашните жители на Велика Моравија. Значи, тие не измислиле топла вода, туку само го преправиле дотогашното Македонско Црковно Писмо – Глаголицата, во облик кој би бил поедноставен за читање и пишување и поразбирлив за широките народни маси.
 
И на крај, зa да го запазиме континуитетот, вреди да се спомене Лексиконот на Македонски Јазик направен пред 400 и кусур години од професорот Чиро Џанели (Čiro Gianelli) од Римскиот Универзитет и Андре Ваилант (Andre Vaillant) од Франција. Тие биле во Богатско, Беломорска Македонија, и таму запишале голем број зборови со кои се служеле Македонците во 16 век. Оригиналот на овој Македонски Лексикон се чува во архивата на Парискиот Универзитет. Еве како зборувале Македонците во тој дел од Македонија:
“Господине, брате, да си здрав, да си прост, остави ни да спиме, ела да јаме, и да пиме, дол да појдиме, да работиме. Имате хљабо(леб) да купиме, имате вино да купиме, од која страна да појдиме во Богацко.“ Зборови эа Животни/Храна/Анатомија: Мраве, Цурвец, Сокол, Врапци, Голоби, Кокошки, Петел, Офци, Кози, Јагне, Мечика, Елен, Лисица, Кон, Зелје,Катици (Ореви),Круша, Месо, Сирене, Јајца, Вино, Сол, Жито, Коска, Мишка, Стапалки, Галухци (глувци), Велигден, Дедо, и т.н.
Значи, како Зелката и другите Македонски глоси (зборови) запишани од Америас пред 2300 години, Септември и Ноември од пред 1500 години, Аз-Буки-Веди-Глаголи-Добро… од пред 1200 години на Кирил и Методи, така и овие зборови од пред 400 години се истите со кои ние денес зборуваме во Македонија. Ни тогаш, ни пред тоа ни по тоа, долго немало ниту “Бугарски“, ниту “Српско-Хрватски“, ниту “Албански“, ниту многу други новокомпонирани јазици, а камоли па нивни писма или лексикони.
Извори:
https://www.syriaphotoguide.com/home/qasr-ibn-wardan-%D9%82%D8%B5%D8%B1-%D8%A7%D8%A8%D9%86-%D9%88%D8%B1%D8%AF%D8%A7%D9%86/
https://books.google.mk/books/about/Religious_Origins_of_Nations.html?id=ZxDi924k4RIC&redir_esc=y
https://books.google.mk/books?id=2b4ADqorY1oC&pg=PA272&lpg=PA272&dq=Syro-Macedonians&source=bl&ots=v2atVupyvY&sig=V3H-U-dQ9Al01spRZzw77Gagpkw&hl=en&sa=X&ei=w-QnU4OTNsamyAOs2oGQAg&redir_esc=y#v=onepage&q=Syro-Macedonians&f=false

[1] Каусиа – Србскохрватски: кад усија; Модерен Македонски: Кога ќе се усвити; Тиквешки дијалект: Ка‘ че се усвите.
[2] денес Хрватско-Словенска граница.
[3] Уште едно старо име за Македонските јазици, подоцна изменети и поделени на Србски, Хрватски, Словенски, и т.н.
[4] “Warfare, State and Society in the Byzantine World, 565–1204″ од John Haldon, стр. 6. University College London (UCL), Издание од 2003 г. во публикација на Taylor & Francis e-Library.Сведоштва за Македонското Писмо и Јазик има безброј и тие се единствени и непобитни докази за континуитетот на Македонската писменост која била раш

Пронајдете не на следниве мрежи: