Држава со вакви уредници на сајтови треба да се грижи за својата иднина

Е, па бидна и тоа… Пулс24 го прославува својот прв роденден и 8 месеци престој на првото место според 3 релеватни метрики (Гугл Аналитикс, Гемиус и Алекса).Е, па бидна и тоа… Пулс24 го прославува својот прв роденден и 8 месеци престој на првото место според 3 релеватни метрики (Гугл Аналитикс, Гемиус и Алекса).
И си замислував дека се ќе биде супер. После многу непроспиени ноќи, (професионални и приватни) расправии, часовни „мозочни бури“, замислував дека се ќе биде супер. Всушност можеби и е супер… Први сме 8месеци, прославуваме една година и кога влегувам/излегувам од Тинекс, СП или Веро вратата сама ми се отвора.
Меѓутоа вратата шкрипи. И тоа не поради тоа што хаус мајсторот не ја подмачкал, туку несовесни минувачи, наместо да ја користат отворената врата и да помогнат или да им помогнам при излегување од маркетот, фрлаат песок во шините по кои се движи. А, и не само тоа… секаде каде што постои врата одат и кршат брави, фарбаат со четки и цртаат со спрејови… Господа уредници (интелектуалци, а сакам да верувам дека сте такви – и господа и интелектуалци) немате ли попаметна работа?!
На прво место дојдовме на 22 ноември и да ви кажам тој ден не се разликуваше за ништо од 21 освен во временската прогноза. Дури ни 23ти не беше поразличен од 22ри, меѓутоа тоа почна да пречи, што е и нормално кога се сака да се живее на стара слава со фрлање песок во шините од вратите и кршење на брави.
Имаше многу „паметни“ луѓе по македонските форуми кои сакаа(т) да докажат колку се разбираат во оваа проблематика, со тоа што наоѓаа(т) мислења по странски блогови и се обидуваа да ги пришијат како свои. Одеднаш станаа експерти за социјален маркетинг, знаеја како функционираат метриките итн. меѓутоа ниеден од нив ги нема прочитано условите под кои работат Гемиус или Алекса. Како мерат, што не мерат и што отпишуваат од посети.
Сите беа согласни дека нешто не е во ред… најверојатно водени од сопствените обиди и сопственото искуство за манипулација со бројките. Дури некои точно знаеа да кажат од кај се купува и што се купува (значи се обиделе да манипулираат).
Зошто би ви пречела сертификацијата од Алекса?! Ајде јавно да ги споредиме аналитиките од Гугл.
Сакате да кажете дека систем развиен од Гугл, Амазон или Гемиус е направен толку лесно да се излаже?! Системи на кои им требаат и по неколку дена за обработка на метриките (Гугл врши корекции во следните 24 часа, Алекса прикажува после 48 часа, Гемиус целосен извештај ќе извади после 1 месец) ќе дозволат пропусти од таков низок калибар? Дали две од неколкуте најмоќни компании во светот (Гугл и Амазон) кои почнуваат да се натпреваруваат на сите полиња низ интернет просторот можете да ги излажете така лесно? Не, почитувани господа.
Немојте својата некомпетентност да ја префрлате кај другите. Вие сами (најпрвин) пред себе сте одговорни за тоа, а потоа и пред вашите претпоставени. Мислите ли дека ќе напредувате доколку постојано другите се лоши, вие сте најдобри, а немате доказ за тоа?! До кога некој друг ќе биде виновен за вашата ограниченост и некомпетентност?
Што може да се постигне ако трчате како кучиња пуштени од ланец и лаете кај ќе стигнете? Дури и кај молерите се знае кој е мајстор на својот занает и таквиот нема време да објаснува какви се другите молери, додека другите го плукаат како тој не е добар мајстор. Што е најтрагично лаењето е од луѓе кои не ја знаат ни првата буква w од www.
И сето ова е резултат на комплекси. Меѓутоа врз расчистување на комплексите може да се работи до одредена возраст. После тоа прераснуваат во фрустрации и до крајот на животот не сте ништо освен обични фрустери, намќори и злопамтила.
Господа главни уредници и слични на вас, излезете од „кутиите“, подзаборавете ја сувата теорија и обидете се во пракса да ја примените или модифицирате, ќе видите дека има многу разлика.
И нема ништо од ова да ми пречи доколку од другата страна се најде човек кој е достоен за дискутирање на темава.
Претходно не можевме да бидеме први затоа што не можевме да се носиме со оние што беа први. Сега има некој друг што е прв, не можеме да кажеме дека не можеме да се носиме со него, па ќе измислуваме приказни, ќе ги буцкаме новинарите да се расправаат во приватни пораки на Фејсбук, ќе направиме фантомски Фејсбук профили и ќе платиме ботови кои ќе пцујат под секој нивен текст.
Ова последново би го оставил за некој друг текст, нормално, доколку најдам енергија да ја насочам кон вакви неважни работи. Во меѓувреме ви благодарам што кликнавте на текстов и што придонесовте за зголемување на бројот на читања.
ПС. Можно е редакцијата да не застане позади ставот на авторот и тоа не преставува никаков проблем
ППС. Правата за текстот не се задржани, пуштени се слободно да шетаат низ сајбер просторот
ПППС. Ви благодарам што ни ги вадите вестите од нафталин и придонесувате за гледаноста. И си лечите фрустрации во ЛП на Фејсбук. Нема да спомнувам по имиња, затоа што рекламата чини, а имаме клиенти кои ни се поважни и чии што ПР текстови имаат предност.Е, па бидна и тоа… Пулс24 го прославува својот прв роденден и 8 месеци престој на првото место според 3 релеватни метрики (Гугл Аналитикс, Гемиус

Пронајдете не на следниве мрежи: