Државен архив: Д-р Филип Петровски во Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет

Во периодот од 5 до 10 септември 2016 година, во Сеул – Јужна Кореја се одржа Конгрес на Меѓународниот архивски совет, на коишто активно учество зеде д-р Филип Петровски, директорот на Државниот архив на Република Македонија 
Конгресот беше организиран од Меѓународниот архивски совет и Националниот архив на Кореја, на тема „Архиви, хармонија и пријателство“, а на истиот се дискутираше за најновите меѓународните стандарди во архивското работење и дигитализацијата; за дилемите на архивските во однос на заштитата на приватноста на граѓаните и правото на сите граѓани за пристап до архивските фондови, со посебно внимание кон меѓународните закони за авторски права.
За време на Конгресот се одржаа повеќе средби на Извршниот одбор на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет (European Branch of Intenrnational Council of Archives of – EUROBICA), каде што од мај 2016 година д-р Филп Петровски е избран за нов член.
Д-р Филип Петровски за време на Конгресот оствари повеќе контакти, договори повеќе проекти и присуствуваше на првиот и сите пропратни состаноци на Извршниот одбор на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет, кои брои вкупно седум членови кои ги застапуваат интересите на околу илјада архиви од Европа во Меѓународниот архивски совет.
На состаноците на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет, во Сеул се дискутираше за начинот на којшто ова тело ќе ја продолжи својата работа; како и за контактите со бројното членство во овој огранок, а д-р Филип Петровски беше задолжен за контактите со архивите од Југоисточна Европа.  
 
  
Конгресот беше организиран од Меѓународниот архивски совет и Националниот архив на Кореја, на тема „Архиви, хармониј

Пронајдете не на следниве мрежи: