Државното првенство во модерни танци уште еднаш покажа дека Македонија има врвни деца танчери!

Викендов зад нас, на 7-ми мај 2016 во ВИП Арената на Борис Трајковски се одржа Државно првенство во модерни танци, а во организација на студио Бреак а лег и Данцерс Унитед МК.Учество земаа 7 танцови клуба од Македонија со над 900 излегувања на сцена во 5 старосни категории, кои се натпреваруваа за титулата Шампион на Македонија во танц.
Анисија Угриновска од танцовиот клуб Данцерс Унитед МК е овогодинешниот Државен Првак во категоријата на јуниори соло (женски) карибиан шоу.

 
Нејзината помала сестра Леона Угриновска го освои третото место во категорија деца соло (женски) исто така карибиан шоу.

 
Данцерс Унитед МК се закитија и со други златни медали во категориите на машки јуниори латин денс, групи и формации, а исто така златни медали понесоа и децата со Даунов синдром под водство на Сара Кочан.
Македонија уште еднаш покажа дека има врвни деца танчери кои се иднината во претстојните меѓународни натпревари.
Им посакуваме многу среќа!!!Учество земаа 7 танцови клуба од Македонија со над 900 излегувања на сцена во 5 старосни категории, кои се натпреваруваа за титулата Шампион на Мак

Пронајдете не на следниве мрежи: