четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дуел со актуелниот европски шампион

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ќе игра пријателски натпревар со селекцијата на Шпанија.Селекцијата на Шпанија е актуелен европски шампион, мошне добро ни е позната оваа селекција која не победи на Европското Првенство благодарение на фантастичниот Наваро кој не „растури“ со неговите снајперско прецизни тројки.
Вечерашниов дуел со Шпанија ќе биде прв од двата контролни меча со оваа селекција.
Кај шпанците во составот ќе ги нема Гасол, Ибака и Наваро.
Натпреварот се игра во Сантиаго де Компостела со почеток од 21 часот, во истиот термин се игра и вториот натпревар во Лион.
Инаку нашите кошаркари загубија на последниот пријателски натпревар на домашен терен со селекцијата на Литванија со резултат 50-62, а токму постигнатите 50 кошеви се еден вид „аларм“ за слабата игра во нападот.
Ова ќе биде одлична можност да се тестираат силите пред претстојното Европско Првенство во Словенија.
Европското првенство во кошарка се одржува во Словенија со почеток од 4-ти септември а ќе трае до 22-ри септември.Селекцијата на Шпанија е актуелен европски шампион, мошне добро ни е позната оваа селекција која не победи на Европско

Поврзани вести