ДУИ ИМ ГО ЗАДАДЕ РЕШАВАЧКИОТ УДАР НА СДСМ

Свесно или не, ДУИ вечерва го направи најсоодветниот чекор за иднината на Република Македонија. Со излегувањето од Владата, ДУИ го бетонираше договорениот датум за одржување на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 5 јуни оваа година.По објавата на Артан Груби, на својот ФБ профил, дека ДУИ ги повлекува своите министри од Владата, сѐ поизвесно е распуштањето на Парламентот кое треба да се случи. По распуштањето на Собранието изборите се неминовни. Една година СДСМ ја турка државата во бездна, ВМРО ДПМНЕ со своите јасни позиции во однос на националните интереси успеа да го одбие овој жесток удар кој и беше зададен на Република Македонија од внатре под покровителство на „чадорот“. Во таков момент најголемата албанска партија изигра подржавнички потег од т.н. државотворна партија СДСМ. Валканата кампања која ја водеше СДСМ во изминатиот период кулминираше деновиве со пуштање во јавност на приватни разговори кои воопшто не се однесуваат на политичката ситуација во земјата. Во однос на истите Амбасадата на САД пред два дена преку социјалната мрежа твитер излезе со реакција дека крајно време е да се престане со ваквото делување на опозиционата партија, што би се рекло, и „чадорот“ повеќе нема доверба во своите пулени во Република Македонија.
На сето ова се додава и неодамнешната изјава на медијаторот Метју Нимиц кој изјави дека, доколку Р. Македонија го решела спорот со името, што подразбира промена на уставното име на државата, многу полесно ќе се решела бегалската криза. Со тоа Нимиц ја услови Република Македонија за решавање на спорот со мирно разрешување на бегалската криза. Република Грција држејќи ги мигрантите како оружје за притисок врз Република Македонија, за решавање на деценискиот спор, успеа да најде свој соработник во државата преку ликот на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој во неколку наврати дозволи илегално навлегување на бран бегалци од Грција и тоа токму дента кога беа најавени два големи протести во Скопје кои се однесуваа на Уставниот суд. Република Грција целата ситуација со бегалците ја користи за наметнување решение во спорот со името, додека втората по големина македонска партија се држи на истата линија со јужниот сосед.
Додека Македонците ги збиваат редовите пред конечниот удар од страна на јужниот сосед, додека ВМРО ДПМНЕ ги одбива сите удари врз државата, СДСМ го разорува безбедносниот систем на Република Македонија преку монтирани случаи кои ги креира партиската испостава на опозицијата СЈО. Се чини дека последниот удар на деструктивната политика на СДСМ им го зададе ДУИ која го изведе крајниот потег за одржување на парламентарните избори. За осаменоста на СДСМ говори и денешната изјава на ОБСЕ кои истакнаа дека изборите на 5 јуни се завршена работа, нема одлагање на избирачкиот процес и дека се исполнети сите услови со што деновиве започнува мониторинг мисијата од нивна страна.
СДСМ осамена во својата политика, изолирана и од внатре и од меѓународниот фактор, ќе се обидува да создава уште поголеми кризи во наредниот период на кои народот треба да одговори сериозно и трезвено, да го одбрани суверенитетот на Република Македонија.Една година СДСМ ја турка државата во бездна, ВМРО ДПМНЕ со своите јасни позиции во однос на националните интереси успеа да го одбие овој жесток уд

Пронајдете не на следниве мрежи: