Во неодамнешното рангирање на Дуинг Бизнис 2014 за земјите најповолни за водење бизнис, Македонија се најде на високото 25 место од вкупно 189 земји. Оваа година Македонија е за 11 места повисоко во однос на 2013 година и зад себе ги остава сите балкански земји.Економската политика на Владата се покажа како успешна и оваа година. Предвидените проекции за пораст на економијата се остварија и повеќе од очекуваното, а Народната банка на Република Македонија објави податоци што проектираат раст на БДП од 3,3 отсто оваа година и раст во наредните 2014 и 2015 година за 3,7 отсто, односно 4,4 отсто.
Балканските земји, меѓу кои и земјите членки ЕУ од Балканот се далеку неповолни за водење бизнис во однос на Македонија. Зад нас се: 33. Словенија, 39. Кипар, 44. Црна Гора, 58. Бугарија, 69.Турција, 72. Грција, 73. Романија, 86. Косово, 89. Хрватска, 90. Албанија, 93. Србија и 131. Босна и Херцеговина.
Областите во кои што Македонија највисоко котира на листата на Дуинг Бизнис и е една од водечките земји се “Основањето и стартот на бизнисот”(7 место) , “Поволноста за подигање кредити”(3 место) и „Заштитата на инвеститорите“(16 место).
Македонија на Дуинг Бизнис 2014 листата исто така се наоѓа и во ТОП10 бизнис реформатори во светот, што уште еднаш ги покажува успешните економски политики кои ги води земјата.
Според предвидените проекции за раст на БДП за наредните 2 години, Република Македонија има можност да се искачи уште повисоко на ранг листата на Дуинг Бизнис, но само со продолжување и унапредување на успешната економска и бизнис политика.Економската политика на Владата се покажа како успешна и оваа година. Предвидените проекции за пораст на економијата се остварија и повеќе од очеку