Дураки се сретна со постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки деенска имаше работна средба со постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.– На состанокот, уште еднаш се потврди добрата соработка што Министерството ја има со Програмата за развој на Обединетите Нации во Република Македонија која во изминативе години вроди со видни резултати, соопшти Министерствот за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Министерството за животна средина и просторно планирање, според министерот Дураки, во агенциите на ОН гледа стратешки партнер во остварување на заедничките приоритети во заштитата на животната средина.
Посебно беше потенцирана добрата соработка остварена во областа на заштитата на речните и езерските водни токови, во управувањето со ризици од катастрофи, во справувањето со климатските промени и во делот на заштитата и подоброто управување со природните ресурси.
Од средбата, како заеднички произлезе ставот дека ваквата соработка треба да продолжи и да се продлабочи во наредниот период, соопшти МЖСПП.– На состанокот, уште еднаш се потврди добрата соработка што Министерството ја има со Програмата за развој на Обединетите Нации во Република

Пронајдете не на следниве мрежи: