Дури сега се открива вистината за „педалината на смртта“ која однесе 2 детски животи!

Јавен обвинител од Големо Градиште објави разговор со 12 момчиња од Трска кои дента кога се удавиле браќата Никола (13) и Стефан (14) биле заедно со нив за да изнајмат педалини.Да потсетиме, момчињата се удавија по фудбалски натпревар во Големо Градиште, на кој оделе заедно со директорот од нивното основно училиште Зоран Јовановиќ и тренерот Милош Галиќ.
Сведокот П.М. (13), му раскажал на обвинителот дека по натпреварот одлучиле да одат на Сребрено Езеро, а дека тренерот и директорот не биле со нив.
„Шетавме покрај езерото и ни пријде еден човек кој изнајмуваше сини педалини. Нѐ повика и веднаш дојдовме кај него. Петмина изнајмија сина педалина за возење. Останатите продолживме да шетаме. Дојдовме до еден човек кој изнајмуваше црвени педалини. Во почетокот не сакавме да ја земеме, но сопственикот нѐ убедуваше.“
Како што изјавил сведокот, педалината ја изнамиле Никола и Стефан Петровиќ, тој и уште двајца.
„Бевме петорица. Човекот не нѐ праша колку години имаме, дали знаеме да пливаме, дали сме на екскурзија. Не нѐ праша дали ќе се капеме, ниту ни понуди појаси за спасување. Сопругата на тој човек ја турна педалината во вода и ние се качивме“ – се присетува момчето.
Среде езерото, подоцна им се приближиле момчињата од сината педалина и се договориле заедно да се капат.
„Сите од црвената педалина скокнавме во вода. Стефан и Никола беа во водата и се држеа за педалината. Никој не знаеше дали тие знаат да пливаат. Тие подоцна излегоа од водата и се качија на педалината, после нив јас, а по мене и останатите двајца што беа со нас. Откако повторно скокнаа во вода, забележавме дека нешто не е во ред. Едниот од нив почна да се дави, а брат му скокна да го спаси. Брзо се удавија и двајцата.“
За тоа време, директорот и возачот на автобусот се наоѓале во кафуле на брегот.
„Тренерот дотрча до брегот, скокна во езерото и почна да плива кон нас. Се појави еден човек со педалина кој тргна кон нас. Прво дојде до тренерот и тие заедно дојдоа до местото каде што се наоѓавме“ – продолжува сведокот со приказната.
Според најнови информации, кривичното гонење ќе продолжи кон сопствениците на педалината. Тие се товарат за тешко дело и им се заканува казна затвор од 3 до 12 години.Да потсетиме, момчињата се удавија по фудбалски натпревар во Големо Градиште, на кој оделе заедно со директорот од нивното основно училиште Зоран Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: