ДУШАТА НИКОГАШ НЕ УМИРА: Овие се 4 работи кои починатите сакаат да ги знаете

Смртта е илузија. Душата никогаш не умира. Сите ние сме души кои имаме човечко искуство, а не обратно. Без оглед на тоа кои сме, сите делиме заеднички искуства со останатите на планетава- во некој момент ќе доживееме смрт на блиска личност. Секако загубата на секого влијае различно, важно е да се даде време за обработка на емоциите кои ги чувствуваме а не да ги туркаме длабоко во себе, за подоцна да не се соочиме со нив.
Еден психолог вели дека досега имал можност со помош на својата работа да се поврзе со душата на починатите. Па така своето 30 годишно искуство сака да го сподели со останатите.
А еве кои работи треба да ги практикуваме и да ги знаеме:
1.Дајте си време на себе да се соберете со другите и да кажете збогум
Ритуал на смртта- погреб, бдеење, меморијал или што и да одредува вашата култура- постојат со причина. Иако е подобро за нас во тој момент да не се соочиме со тоа дека драгата личност заминала, сепак овие ритуали на некој начин ни даваат утеха и начин на затварање на поглавјето. Таквите церемонии имаат повеќератна намена. Тие им помагаат на живите да ја прифатат загубата, а тоа е првиот чекор на нивниот пар за прифаќање и исцелување, односно му помагат на дугот да го сфати фактот дека веќе е надминато физичкото ниво.
Кога се поврзувам со душата на умрените, посебно на оние кои неодамна починале, велат дека биле присутни на својот погреб. А и оние кои се на погребот прифаќаат дека духот на драгата личност е на тие обреди.
2. Тагувањето е процес- дајте си време додека минувате низ фазата на жалост
Соочување со губењето на драгата личност може да биде долг пат. А секој мора да мине низ чекорот на шок, порекнување, преговарање, лутење,вина и тага пред достигнување на состојбата на прифаќање и разбирање.
Дадете си време пред да поминете низ чекорите. Во еден момент може да чувствувате лутина, а во следниот момент да се чувствувате сосема нормално. Но така тече целиот процес до фазата на разбирање.

 
3. Препознајте ги вашите чувства и побарајте помош ако ви е потребна
Немојте да го порекнувате фактот дека тагувате. Потиснатите емоции деструктивно излегуваат на површина. Може да излезат преку прејадување, пиење, дрогирање, насилство, депресија па дури и мисли за самоубиство.
Не се плашете да ги прашате останатите за помош и поддршка. Грижлив пријател, роднина или советник може да биде од непроценлива важност во овој момент.
4. Запоменте- вашата сакана личност е среќна и сака и вие да бидете среќни
Може да ви помогне сознанието дека Духот на вашата сакана личност е со вас и дека ви пружа поддршка и љубов и сака да ви помогне.
И запомнете дека пораката која доаѓаше до мене кога се поврзувам со нив обично гласи вака „Јас сум во ред, не страдам и сакам моите најмили на Земјата да бидат среќни и да уживаат во животот“.
Па така, кога сте подготвени, дајте си дозвола да продолжите понатаму и да уживате во животот, утешени со фактот дека вашата сакана личност е сигурна и заштитена од Бог. Без оглед на тоа кои сме, сите делиме заеднички искуства со останатите на планетава- во некој момент ќе доживееме смрт на блиска личност. Секако за

Пронајдете не на следниве мрежи: