ДВА ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛИ ЗАПОЧНУВААТ ВО БИТОЛА

Битола на 3 и 4 декември ќе биде домаќин на детските музички фестивали “ТРА-ЛА-ЛА Кидс” и “ТРА-ЛА-ЛА Битола” на кој учествуваат 22 млади музички таленти од целата држава. Солистите кои настапуваат на фестивалот се на возраст од 6 до 13 години и како  носители на голем број меѓународни музички награди тие досега во повеќе наврати ја афирмираат македонската детска песна на фестивали во земјата и низ светот.“Во рамките на двата фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА Кидс” и “ТРА-ЛА-ЛА Битола” во Центарот за култура-Битола ќе се одржат вкупно шест четири концерти на 3 и 4 декември . Покрај Гран при наградата на фестивалот “Тра-ла-ла”, за најдобрите учесници на двата фестивали се предвидени прва, втора и трета награда, како и специјална награда од директорот на фестивалот, награда за најдобар сценски настап и награда од детското жири. Новитет е тоа што секој посетител ќе може да гласа за својот фаворит, со што ќе бидат доделени и награди од публиката, како и награди “Боби
Коминовски Тра-ла-ла кидс” и “Драган Каранфиловски Бојс Тра-ла-ла Битола”.”-рече денеска на прес конференција во Битола директорот на фестивалот “Тра-ла-ла” Тони Алексовски,кој е и директор на регионалниот сојуз на Светската Асоцијација на перформанси и уметности WAPA и член на Светската Асоцијација на фестивали и уметности WAFA.
Двата фестивали се во организација на Асоцијацијата за уметност “Алексовски”, додека автор на текстовите, аранжманите и музиката е Кристијан Габровски.  Наградите ќе бидат доделени на Гала концерт на 4 декември во големата сала на Центарот за култура во Битола со почеток во 19:30 часот.
“Колку што е тешко да се започне со еден ваков фестивал кој е препознатлив знак за Битола уште потешко е тој да се одржи. Затоа ваквите манифестации каде младите таленти можат да дојдат до израз и да се надградуваат, треба да се поддржуваат”-рече денеска на прес конференцијата во Битола Љубо Трифуновски, диригент и член на жирито на фестивалот.
Инаку, фестивалот “ТРА ЛА ЛА” веќе 16 години успешно егзистира на музичката сцена. Децата солисти на овој фестивал досега освоиле голем број награди низ светот и тоа на “Еуростарс” во Малта, “Орошке звездице” во Словенија, “Док тече Лашва” во Босна и Херцеговина, ”Златна рибка” во Бугарија, “Сан Ремо –јуниор” и “Сан Ремо” во Италија, “Славјански Базар” во  Белорусија, “Златни микрофон” во Хрватска, “Орфеј” во Венеција, “Златни дани” во Србија, “Шанс” во Данска, “Тиамо” во Романија, “Катјуша” во  Русија, “Бледски микрофон” во Словенија, “Најсветла звезда” во Турција, “Кукуричек” во Хрватска и други фестивали и детски манифестации ширум светот.
“Во рамките на двата фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА Кидс” и “ТРА-ЛА-ЛА Битола” во Центарот за култура-Битола ќе се одржат вкуп

Пронајдете не на следниве мрежи: