Во 1995 година Дејвид Финчер беше видео- директор на музика, Брет Пит беше познат по улогата во „Легенти за есента“ и Морган Фриман беше најдобро познат по филм во кој возеше наоколу стара дама. Тешко е дека би можело да се одбере такво трио да изнесе трилер за сериски убиец во јавноста. Но, сепак со „Севен“, Финчер, Пит и Морган, заедно со брилијантниот Кевин Спејси, соработуваа на шокантното, стилско ремек дело, универзален филм поради својата иновативна и интересна приказна.Дваесет години подоцна, Финчер, Пит и Гриман останаа на врвот од играта и додека „Севен“ не е помеѓу најпрославените проекти во било кое од нивните резимиња, сепак овој филм останува еден од најдобрите. Ги разгледавме коментарите и посебните особини на „Севен“ и ги одбравме за вас следните 25 работи кои би требало да ги знаете за овој филм.
1. Сценаристот Ендру Кевин Вокер бил инспириран од бруталните услови во Њујорк, каде што живеел. Тој вели дека тој одел по улиците и бил сведок на еден од седумте смртни гревови.
2. Иницијативните ревизии на сценариото го заменија крајот што најмногу го плашеше Финчер: среќен крај во кој детективот Милс (Бред Пит) трча дома да ја спси својата сопруга (Гвинет Палтроу) од Џон Доу (Кевин Спејси). Студиото го одобри овој крај, но Финчер инсистирал да се промени.
3. Претходно, сценариото било развиено за Дензел Вашингтон, со идејата тој да го толкува Милс.
4. Една верзија на сценариото вклучувала сцени во кои публиката го гледа Доу додека работи во садистичката лабораторија. Финчер сакал да се скратат тие сцени за Доу да биде виден од полициска перспектива.
5. Откако Фриман, кој го глуми детективот Сомерсет, и Бред Пит беа вклучени во тимот, вниманието се сврте кон актерот кој би требало да го глуми. Сите освен студиото го сакаа Кевин Спајси, кој беше пренмогу скап. Финчер вели дека бил подготвен да премине на следниот избор но Пит се вмешал и дискутирал дека морало да биде Спајси. Студиото се согласило.
6. По потпишувањето, Спејси имал посебно барање- да не биде вклучен во било какво рекламирање.
7. Првичните планови биле Милс да биде некој вид трендер, но Пит се спротивставил на тоа. Еден од неговите придонеси во тој поглед беше спотскиот имиџ кој карактерот го изнесе.
8. Оригиналното отворање сочинуваше сцена во која Сомерсет обиколува трошна куќа во Њујорк додека го замислувал животот по пензионирањето.
9. Сцената на Амтрак требало да послужи како најавна шпица. Наместо тоа Финчер му ги предал насловите на експерт за слика, Финдли Бантинг за да создаде прогонувачки вовед за филмот.
10. Боб Мек, актерот кој ја глумел жртвата на убиецот , бил во можност да лежи со лицето надолу во чинија шпагети благодарение на уред сличен на оние за нуркање кој гоносел на своето лице. Финчер вели дека Мек морал да потроши 10 часа во шминкерница за да се појави во филмот за околу 30 секунди.
11. Собата конструирана за „ненаситната“ сцена била завиткана во пластика, за лебарките да не можат да се разбегаат низ студиото.
12. За да се избегне тресењето на станот на Милс, имало потреба да се редуцира бројот на возови кои минуваат во негова близина додека се снимаат одредени сцени, а сценаристот за оваа ситуација дал прилично темно објаснение: дека имало „полициска операција“ и возовите биле одложени.
13. таваните од секс клубот, каде што е сторено „страственото“ убиство , биле спуштени за да се направи ефект на клаустрофобичност.
14. Во средината на филмот, за време на една сцена Пит сериозно ја повредил раката откако отишол наназад низ заднот прозор и притоа ја исекол тетивата и три прсти.
15. Филмскиот професор Ричард даер сугерира дека Доу не знаел до последниот момент како ќе го заврши своето злосторство додека не налетал на Милс.
16. Првото погрешно изговарање на зборот „Саде“ од страна на Пит предизвикало голема смеа кај Фриман. Но директорот не бил сигурен дали ќе успее во снимањето бидејќи за да се сфати шегата публиката треба да знае како правилно се изговара зборот.
17. Библиотеката каде Сомерсет ги истражува влијанијата на Доу всушност била стара банка.
18. Сценариото го опишува станот на Доу во детали, и Вокер имал ситни оправдувања за се. На пример прозорците биле офарбани црни бидејќи на еден сериски убиец во голем град му треба приватност.
19. Пит се кае зошто не бил гол до појас во свената каде Милс и Сомерсет си ги избричиле градите за да залепат жици.
20. „New Line“ го ангажирале Финчер да го сними последното соочување без ниту една од хеликоптерските снимки и му кажале дека ќе му дадат пари, доколку било неопходно.
21. Актерот Леланд Орсер, кој го глуми човекот приморан да ја убие проститутката , останал буден цела ноќ за да навлезе во ликот. Но на денот на снимањето сфатил дека ќе снима дури следниот ден. Па затоа останал буден уште една ноќ.
22. Филмот на Колин Фарел „Solace“ првично бил предвиден како продолжение на „Седум“. Но не дошло до ова остварување, делумно поради Финчер кој не сакал да се навраќа на материјалот.
23. За да се изгради музичкиот амбиент во филмот, актери биле ангажирани да ја направат вревата во градот- парови како се расправаат, возачи како викаат еден на друг.
24. Години откако филмот бил направен, Финчер се расправал со жена која рекла дека тој погрешил затоа што ја прикажал главата на Трејси во кутијата.
25. Камеос го вклучува сценаристот Вокер како првиот човек виден мртов на земја, синот на Фриман Алонсо Фриман како експерт за отпечатоци и долготраен холивудски репортер Џорџ Кристи како полициски службеник.
Дваесет години подоцна, Финчер, Пит и Гриман останаа на врвот од играта и додека „Севен“ не е помеѓу најпрославените проекти во било ко