Двајца мажи направија ЕПСКА шега со пријателот кој возел во пијана состојба!

Сите оние коишто имаат изгубено сакана личност поради несовесни и пијани возачи, знаат дека болката никогаш не згаснува. Потешко паѓа фактот дека таквите немили настани можеле да бидат спречени.Двајца Американци смислиле уникатен начин како да го натераат нивниот пријател да не вози додека е под дејство на алкохол.
Откако пријателот, кој често возел пијан, веќе направил пет сообраќајки во пијана состојба, Том Мејб и Џим Кларк решиле да го насамарат на следниов начин: Чекале да се онесвести од алкохолот, а потоа го ставиле во кревет во канцеларија која ја претвориле во болничка соба и успеале да го убедат дека е 2023 година, а тој бил десет години во кома.
Дури и кога лекарот го оставил да гледа вести на телевизија додека дојдат неговите роднини, се укажувало дека е 2023 година, а спикерката меѓу другото рекла дека популарниот пејач Џастин Бибер веќе 10 години е во врска со маж.

Пронајдете не на следниве мрежи: