ДВАНАЕСЕТ МУДРОСТИ НА ЕДЕН УЧИТЕЛ: Многу луѓе живеат без да ја вкусат магијата на животот!

Тич Нат Хан е еден од најпознатите и најпочитувани учители на Зенот, поет и миротворец. Неговото клучно учење е дека низ свесноста можеме да научиме да бидеме среќни во сегашниот момент, а сега е единствен начин навистина да дојдеме до мир во себе, а и во светот.
Ова се дел од неговите мудрости:
„Никој не може да ни даде слобода, мораме сами да ја негуваме. Тоа е секојдневна пракса. Никој не може да ве спречи да бидете свесни за секој чекор или секое вдишување и издишување.“
„На луѓето им е тешко да се откажат од своето страдање. Поради страв од непознатото, се определуваат за добро познатото страдање.“
„Спознанието е секогаш можно. Малото спознавање ќе доведе до поголемо. Ако дишете и свесни сте дека сте живи – ќе ја почувствувате магијата на животот. И ова е еден вид на спознавање.“
„Многу луѓе живеат, а да се свесни за магијата на животот.“
„Можно е среќно да се живее во овој момент и на ова место. Многу предуслови за среќа ни се на дофат – повеќе отколку што е навистина доволно за да бидеме среќни. Не е потребно да итаме кон иднината за да бидеме среќни.“
„Луѓето страдаат затоа што се заробеници на сопствените сфаќања. Кога ќе се ослободиме од таквите сфаќања стануваме слободни и повеќе не страдаме.“
„Самосвеста ни овозможува да го живееме сегашниот момент. И секој пат кога сме самосвесни, можеме да ја препознаеме моменталната состојба на среќата, па стануваме и среќни.“
„Можеме да живееме само во сегашноста. Затоа, треба да живееме така што секој наш животен чекор нѐ води до ова место и до овој момент.“
„Кога сакате некого, најдоброто што можете да го понудите од себе е своето присуство. Како можете да сакате ако не сте присутни?“
„Да се биде сакан, значи да се биде препознаен како суштество кое постои.“
„Секоја ваша мисла, сѐ што ќе кажете, сѐ што ќе направите, има ваш печат.“
„Мора да продолжиме со учење. Мора да имаме отворен ум. И мора да бидеме подготвени да се ослободиме од сопственото знаење за да можеме подобро да ја разбереме стварноста.

Пронајдете не на следниве мрежи: