Дванаесетгодишно момче осудено во САД за убиството на таткото расист

Судот во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот го прогласи 12-годишниот Џозеф Хол за виновен за убиство со предумисла на неговиот татко Џефри Хол, кој ја водел локалната канцеларија на неонацистичката  организација Национал-социјалистичко движење.
Како што пренесува Associated Press, Џозеф го застрелал неговиот 32-годишен татко, кој имал расистички ставови, во мај 2011 година. Тогаш момчето имало само 10 години. Според адвокатот на детето, Метју Харди, детето израснало во атмосфера на насилство и свирепост, и оттаму сметало дека е прифатливо да се убие човек, кој, според него, претставува закана. Според одбраната на Џозеф, „по елиминирање на таткото, момчето имало намера да запре со насилството“. Како што пренесува Reuters, судот одлучил да го испрати малолетникот убиец во малолетнички затвор на казна од 11 години.
 
МакфаксСудот во американската сојузна држава Калифорнија во понеделн

Пронајдете не на следниве мрежи: