До средината на јануари Владата се очекува да потпише договор со 8 компании кои ќе инвестираат во Македонија и ќе отворат над 1.500 работни места. Две од нив се македонски и се првите вакви компании кои ќе инвестираат во ТИРЗ зоните.Премиерот Никола Груевски во вестите на Сител истакна дека за македонските компании кои влегуваат во технолошко индустриските зони, важат истите услови кои им се нудат и на странски компании.
-Првата македонска компанија која ќе инвестира во ТИРЗ Бунарџик нема никаков странски капитал и е ќе произведува автомобилски делови. Во фабриката која ќе ја градат ќе се отворат 200 работни места. Втората, исто така македонска компанија ќе произведува делови за електроника и ќе вработи 300 лица, од кои 100 во првата година. До 15 јануари следуваат уште неколку , странски компании. Следната странска компанија е од Калифорнија и се занимава со производство на софтвер, инвестицијата е околу 13,5 милиони евра и ќе отвори нови 250 работни места. Следуваат две германски компании, едната за изработка на лед светилки која ќе вработи 200 лица, а втората од областа на автомобилската индустрија ќе инвестира во Прилеп и ќе отвори 150 работни места, посочи Груевски.
Тој додаде дека во битолско Кравари ќе се отвори фарбрика за чипс со 100 ваботувања, од страна на Македонец повратник од Австралија.
Груевски посочи дека завршени се преговорите и со турска компанија која ќе отвори 250 работни места во Битола, а потпишување на договор до 15-ти јануари се предвидува и со германска компанија во делот на машинската индустрија, која планира да отвори фабрика за машински делови, електро мотори, ЦМЦ машини и центар за истражување и развој.Премиерот Никола Груевски во вестите на Сител истакна дека за македонските компании кои влегуваат во технолошко индустриските зони, важат истите ус