Две нови мистериозни дупки се појавија на Сибир!

Во хаотичниот свет на соборувани авиони, етнички немири и ракетни напади, интернационалните набљудувачи  го свртеа вниманието  кон друг настан претходно овој месец. Гледаа кон Сибир, земја покриена со снег и слоеви мраз, каде чуден и огромен кратер  се појави во земјата.Тогаш никој не знаеше од каде точно се појави овој кратер, што имаше на дното.
Со сигурност сега има уште повеќе прашања.
Две нови дупки се појавија во Сибир, продлабочувајќи ја сагата за огромниот кратер.
Иако не толку големи колку првата дупка, која се прошири стотици метри во дијаметар, овие нови дупки се исто толку чудни како првата.
Една од новооткриените дупки е близу првата – земја за која локалното население ја смета за „крајот на светот“. Голема е околу 45 метри и е создадена под непознати околности. Истото важи и за другата дупка, која има дијаметар од 13 метри, длабочина од околу 200 до 300 метри и е откриена од страна на „мистифицирани“ овчари во близина на селото Носок во ледениот регион на Краснојарск.
„Ова не личи дека е дело на човек, но исто така не изгледа како природна формација“, објаснил еден експерт.

Дури и политичари пројавиле заинтересираност за овој феномен. „Летав со хеликоптер за да го испитам ова место“, изјавил Микаил Лапсуи  додавајќи дека дупките личат многу на првата, но само помали, со мало ледено езеро внатре, „Исто така  има земја од страна, како да е резултат од подземна експлозија“.
„Според локалното население, дупката се формирала на 27 септември 2013. Набљудувачите дадоа неколку верзии. Според првата, на почетокот местото чадело и се појавило светло. Според втората, небесно тело паднало таму.“
Тогаш никој не знаеше од каде точно се појави овој кратер, што имаше на дното.
Со сигурност сега има уште повеќе прашања.
Две нови

Пронајдете не на следниве мрежи: