Вечер 6 октомври, четврток, во кино Милениум ќе има две премиери на македонски филмови.Во 20 часот премиерно ќе биде прикажан филмот „ЗЛАТНА ПЕТОРКА“, во режија на Горан Тренчовски, со ПЕТАР АРСОВСКИ, ИГОР АНГЕЛОВ, ЉУПКА ЏУНДЕВА, ЈАНА СТОЈАНОВСКА, НЕНАД МИЛОСАВЉЕВИЌ и СЛАВКО ШТИМАЦ во главните улоги.
Маки, Ката и Џиџи се верни другари кои веруваат во своите младешки идеали. Но, кога Маки и Ката ја објавуваат својата свршувачка, кај Џиџи се појавува љубомора. Во тој период на комунистички ликвидации, во 1951, се случува неразјаснето убиство на петмина студенти, меѓу кои е и Маки. Половина век подоцна, Алавантие, како сведок и истражувач, се враќа во родната Струмица со досието „Златна петорка“. Неговите тајни и сознанија внесуваат дополнителен немир во брачниот живот на Ката и Џиџи. Во филмот провејува мотивот инспириран од вистинитиот настан за петтемина струмички студенти за кои УДБА водела специјално досие под кодни имиња, тема која долги години беше табу-тема кај нас, за конечно преку оваа возбудлива филмска сторија, да добиеме филмска екранизација која е исто толку филм за минатото, колку што е филм и за сегашноста.
Во вториот ноќен термин, 22 часот, уште еден неодамна обзнанен македонски филм „ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ“ во режија на тандемот Раде и Данило Шербеџија.
Од викендов новитет и кај репертоарот наменет за најмладите. Следува филмот ШТРКОВИ (STORKS), во режија на Nicholas Stoller и Doug Sweetland, со Andy Samberg, Kelsey Grammer, Kelsey Grammer и Jennifer Aniston во главните улоги.
Штрковите доставуваат бебиња, или барем затоа користеа. Сега тие доставуваат пакети за глобалниот интернет-гигант Cornerstore.com. Џуниор, најдобриот штрк за доставување, е на чекор до унапредување кога случајно ќе ја активира машината за правење бебиња, произведувајќи симпатично и целосно неовластено новородено девојче. Очаен да го испорача овој пакет пред неговиот шеф да мудрува, Џуниор и неговиот пријател Тулип, единствениот човек на штрковата планина, брзаат да ја направат нивната прва испорака на бебе и да ја вратат вистинската мисија на штрковите во светот.
На репертоарот на кино Милениум љубителите на филмот ќе може да гледаат:
ЧЕТВРТОК – ПЕТОК (06.10.-07.10.):
13:00 – ШТРКОВИ (STORKS)
15:00 – ДОМОТ ЗА НЕОБИЧНИ ДЕЦА НА ГОСПОЃИЦА ПЕРЕГРИН (Miss Peregrine's Home For Peculiar Children)
17:30 – СНОУДЕН (SNOWDEN)
20:00 – ЗЛАТНА ПЕТОРКА (GOLDEN FIVE) – Премиера
22:00 – ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ (THE LIBERATION OF SKOPJE)
САБОТА– НЕДЕЛА (08.10.-09.10.):
11:00 – ТАЈНИОТ ЖИВОТ НА МИЛЕНИЦИТЕ (THE SECRET LIFE OF PETS)
13:00 – ШТРКОВИ (STORKS)
15:00 – ДОМОТ ЗА НЕОБИЧНИ ДЕЦА НА ГОСПОЃИЦА ПЕРЕГРИН (Miss Peregrine's Home For Peculiar Children)
17:30 – СНОУДЕН (SNOWDEN)
20:00 – ЗЛАТНА ПЕТОРКА (GOLDEN FIVE)
22:00 – ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ (THE LIBERATION OF SKOPJE)
ПОНЕДЕЛНИК –СРЕДА (10.10.-12.10.):
13:00 – ШТРКОВИ (STORKS)
15:00 – ДОМОТ ЗА НЕОБИЧНИ ДЕЦА НА ГОСПОЃИЦА ПЕРЕГРИН (Miss Peregrine's Home For Peculiar Children)
17:30 – СНОУДЕН (SNOWDEN)
20:00 – ЗЛАТНА ПЕТОРКА (GOLDEN FIVE)
22:00 – ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ (THE LIBERATION OF SKOPJE)Во 20 часот премиерно ќе биде прикажан филмот „ЗЛАТНА ПЕТОРКА“, во режија на Горан Тренчовски, со ПЕТАР АРСОВСКИ,