Според полицијата од Џорџија, САД, таткото на момчето на интернет пребарувал несреќи од слична природа како онаа која беше фатална за неговото синче кое имаше едвај 2 години.Пред десет дена, во Џорџија животот го загуби едно дете откако неговиот татко го заборавил заклучен во автомобилот на жешкото сонце додека тој бил на работа. Детето не можело да ја поднесе високата температура во автомобилот и починало.
Откако го пребарале домот на таткото на детето, Џастин Харис, полицијата конфискувала еден ајфон, еден лаптоп и уште неколку компјутерски уреди, и по нивното вештачење веднаш го привела Џастин.
Според најновите сомневања, Џастин често на интернет пребарувал информации за тоа како деца умираат затворени во автомобили, и уште позачудувачки, информации за тоа колкава треба да биде температурата во автомобилот за да биде фатална за детето.
Истите уреди, како и многу други докази земени од куќата сега се вештачат во потрага по траги кои би откриле какви-било акти на насилство над деца, убиство и слични дела.
Како причина за смртта на Купер (2) беше наведена родителска негрижа од страна на таткото Џастин, но според исказот на Џастин, надлежните се сомневаат дека можеби станува збор за убиство. Од полицијата во Џорџија велат дека се уште не можат да кажат ништо додека истрагата не се заврши.
Пред десет дена, во Џорџија животот го загуби едно дете откако неговиот татко го заборавил заклучен во автомобилот на жешкото сонце додека тој бил