Двојазичноста што ја форсира Заев направи раздор во СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека цела Македонија ќе ја направи двојазична кога тој ќе дојде на власт. Македонскиот народ експресно му порача дека такво нешто не поддржува и нема да дозволи.Но, во трката по албански гласови, Заев продолжи да ја форсира двојазичноста, поставувајќи табли на штабовите на СДСМ испишани на македонски, но и на албански јазик. Ваквите негови потези, направија раздор и во неговата партија.
Доцна синоќа беше симната двојазичната табла во Чаир откако истата беше закачена по втор пат за само една недела.
 
Откако на дело почна да ја применува најавата за целосна двојазичност ширум Македонија поставувајќи двојазични табли, партијата на Зоран Заев се соочува со револтот од страна на македонските граѓани. Затоа одлучи повторно да го излаже народот.
Вчера од СДСМ испратија соопштение во кое пишуваат дека „натписот на партиски простории на СДСМ во Чаир е поставен без одлука на органите и телата на партијата“. Ова тврдење на СДСМ е целосна невистина.
Во ова нелогично соопштение од Бихаќка се тврди дека таблата била поставена самоиницијативно со што од партијата го сокрија идентитетот на тие кои превземале ваков чекор, не најавија нивно исклучување со што ги заштитија.
Зоран Заев и некои од структурите околу него одлучија да заиграат на картата на албанските национални интереси нудејќи разни отстапки во надеж дека ќе привлечат гласови.
Опозицискиот лидер никогаш не криеше дека најавата за двојазичност има за цел да привлече албански гласови на контото на СДСМ.

Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора пред извесен период отворено призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и после таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори.
 
-Ние имаме барања, но ние сме Дијаспора и не може да одлучуваме, сите знаат дека јас сум за федерализација, се разбира, тоа не го кријам, имав средба со Заев, му ја искажав поддршката, а гледајте потоа, овие новите албански партии се приклучија на протестите, рече Љамалари – пренесе Телма.

Акцијата за двонационална Македонија не е никакво табу во опозициските редови. Уште пред две години, Заев за тоа јавно зборуваше во медиумите, што според експертите е главната причина поради која албанскиот фактор во лидерот на СДСМ го гледа својот клучен партнер во намерата за редефинирање на Македонија.
За редефинирање на Македонија и нејзина федерализација СОРОС подготвува терен уште одамна. Тогаш, првиот човек на соросовата новинарска структура, Бранко Геровски во серија колумни јавно повикуваше дека е време да се разговара за федерализација на Македонија. Неколку месеци претходно, по терористичкиот напад на албанските екстремисти во Куманово, Заев немаше никаков проблем насмеан да се слика со албанското население на местото каде што животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили.Но, во трката по албански гласови, Заев продолжи да ја форсира двојазичноста, поставувајќи табли на штабовите на СДСМ испишани на македонски, но и

Пронајдете не на следниве мрежи: