Една германса двојка во посета на Грција влегла во канцеларијата на градоначалникот на местото Нафплио и предала сума од 875 евра, велејќи дека се работи за отштета за нацистичките злосторства од Втората светска војна.„Рекоа дека сакаат да исплатат надокнада поради негативниот став на својата влада. Направиле финансиска калкулација и пресметале дека тоа е цената која треба да ја платат“, истакнува градоначалникот Димитрис Коцуриос.
Секој Германец должи 875 евра за она што Грција морала да го плати за време на Втората светска војна, смета оваа двојка.
Градоначалнкот на Нафпило, на поуостровот Пелопонез, ги донирал парите во локално хуманитарно друштво.
Според пресметките на официјална Атина, за воените злосторства и заеми, на кои ја присилила Грција за време на Втората светска војна, Германија ѝ должи околу 162 милијарди евра, што е повеќе од половина од вкупниот долг на Грција.
Германија смета дека ги подмирила побарувачките на Грција и дека не постои можност за обештетување.„Рекоа дека сакаат да исплатат надокнада поради негативниот став на својата влада. Направиле финансиска калкулација и пресметале дека т
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.