ECB и Bank of England ги задржа постоечките камати

Европската централна банка (ECB) и британската централна банка Bank of England (BoE) на редовните состаноци во месечните заседавања во четвртокот не ги променија постоечките каматни стапки.

ECB ја задржа клучната каматна стапка на 0,75 отсто, како што и очекуваат берзите.Вниманието на берзанските учесници сега е насочено кон најавената прес конференција на челникот на ЕЦБ, Марио Драги, која ќе биде одржана по редовниот месечен состанок.Одвоено, Bank of England денеска ја задржа каматна стапка од рекордно ниски 0,5 отсто.BoE се воздржа од натамошно вбризгување на пари во разнишаната британска економија и покрај шпекулациите на берзите за зголемување на програмата на банката за купување на обврзници за да поттикне раст на втората по големина економија во ЕУ. Вредноста на програмата останува непроменета на 375 милијарди фунти.
Макфакс
Европската централна банка (ECB) и британската централна банка Bank of England (BoE) на редовн

Пронајдете не на следниве мрежи: