Еден од најефтините фудбалери на Ѕвезда на проба во Вардар

Според „трансфермаркет“, Стеван Рељиќ со својата вредност е трет во долниот дел на табелата според вредноста на играчи на српскиот тим, како први што најслабо котираат се тинејџерите Караклајиќ (18 години/150 000 евра вредност) и Цикиќ (19 години/150 000 евра вредност), по нив секако следи новајлијата во тимот на македонскиот шампион, 27-годишниот Стеван Рељиќ со скромна вредност од 200 000 евра.

Скопски Вардар на некој начин се подготвува за предизвикот што го чека во Лигата на Шампиони, една невозможна мисија против силната романска Стеауа која ќе биде многу тешко да се елиминира.
Понекогаш бројките кажуваат се, но понекогаш ништо не мора да значи.
Само за илустрација е евентуално новиот ангажман на Вардар, па голем број од фановите на скопскиот тим на големо го пројавуваат незадоволството од политиката на клубот кога станува збор за засилувањата.

За да нема забуни, Вардар преку својата официјална веб страна пренесува дека на проба во нивниот тим е уште и „талентиран босанец“ Механовиќ Мирзад, па се обидовме да истражиме за кој фудбалер станува збор. Се вели дека тоа е талентиран фудбалер на чешки Млада Болеслав, да точно, но него не успеавме да го најдеме во првиот состав на овој тим, туку во тимот на играчи за до 21 годишна возраст. Бевме вчудоневидени кога видовме дека за овој 20-годишен играч на „трансфермаркет“ нема ниту вредност за тоа како тој котира на трансфер пазарот.Според „трансфермаркет“, Стеван Рељиќ со својата вредност е трет во долниот дел на табелата според вреднос

Пронајдете не на следниве мрежи: