На седницата на Сенатот во која учествувале највисоките американски функционери, кои настојуваа да ги убедат сенаторите да го поддржат претседателот Обама за напад на Сирија, еден од сенаторите поточно сенаторот Џон Меккејн играл покер на својот мобилен телефон. На крајот од седницата, членовите на сенатскиот комитет за надворешни работи усвоија нацрт-резолуција, според која САД би имале прозорец од 60 дена за спроведување на евентуалната операција врз Сирија, со можност крајниот рок да биде продолжен за уште 30 дена ако така налага ситуацијата.
Според нацрт-резолуцијата, САД не би смееле да испратат копнени сили во Сирија. За резолуцијата може да се гласа веќе денеска.
За време на расправата, која траеше повеќе од три часа, фотограф на Вашингтон го уловил републиканскиот сенатор од Аризона како, криејќи го својот ајфон зад грбот на колегата пред себе, вложува жетони на видео-играта.
Со зумирање на снимката се покажало дека Меккејн прифатил влог од 200 долари, а пред себе имал уште 16.000 долари. Го користел името „J’s iPhone“.
Само неколку минути откако фотографијата беше објавена на интернет, Меккејн се обидел да ја сврти работата на шега, објавувајќи саркастичен твит „Скандал! Ме фатија како играм на ајфон за време на тричасовното заседание на Сенатот – најлошо од сè – изгубив“. Подоцна Меккејн мораше пред камерите да го објасни своето однесување во моментите кога се кроеше судбината на цела земја со дваесетина милиони жители.
„Понекогаш ми станува здодевно“, изјави Меккејн.
Продуцентот на Си-Ен-Ен подоцна објави твит дека Меккејн изгубил илјадници виртуелни долари за време на маратонската сесија.
Некои забележуваат дека Меккејн навистина немал потреба да го слуша излагањето на државниот секретар Џон Кери, зашто тој веќе е решен да гласа во корист на планот на Обама.
„Ако Конгресот одбие ваква резолуција, во ситуација кога претседателот на САД веќе објави дека е цврсто решен за акција, последиците може да бидат катастрофални. Кредибилитетот на оваа земја и кај сојузниците и непријателите ќе биде распарчен. А, последиците ќе ги наследи и идниот претседател“, изјави Меккејн.
Медиуми забележуваат дека и претседателот Барак Обама играл карти, и тоа со вистински, за време на исклучително опасната акција на морнаричките фоки за елиминирање на терористичкиот лидер Осама бин Ладен во Пакистан.На крајот од седницата, членовите на сенатскиот комитет за надворешни работи усвоија нацрт-резолуција, според која САД би имале прозорец од 60 дена