Еден пар пробал секс сцена од „50 нијанси сиво“ – еве што се случило!

Тиен- Ким Лан со своето момче се обидела да „одигра“ една од секс сцените од книгата „50 нијанси сиво“, а ова се нејзините впечатоци…Единственото вино кое го имав беше шише евтино Пино Ноар, подарок од неговиот шеф за празниците. Беше одвратно, но моето момче беше подготвено да се жртвува и да испие една чаша во рамките на улогата на Кристијан Греј.
Да, се работи за милијардерот Кристијан Греј од чуениот роман „50 нијанси сиво“.
Искрено, прочитав само неколку страници пред да прснам од смеја. Не се срамам од еротика, но јазикот со кој е пишувана книгата за мене е премогу детски и незрел.
Или барем јас така мислам.
Со оглед на тоа дека наскоро се очекува и премиерата на филмот снимен според оваа книга, одлучив да и дадам уште една прилика на книгата. Колку навистина може да биде лоша книгата која воодушеви милиони девојки и жени ширум светот? Дури и од момчето барав да одиграме една од секс сцените од книгата.
Колку навистина е тешко да ги глумите Кристијан и Анастасија?
Се одлучивме за сцената во која Анастасија штотуку се вратила од трчање во стар блузон кога Кристијан одеднаш одлучуил да ја посети.
За да се подготвиме за нашата драматизација, направив белешки за момчето за се да биде според книгата:
1. Врзи ме со сива свилена кравата за креветот
2. Навлечи го блузонот преку мојата глава
3. Остави простор за чаша вино со коцки мраз, но сепак подобро земи виски.
4. бакнувај ме, разменувај бакнежи со мразот во устата
5. Сипувај вино во мојот папок
6. Бакнувај ме по цело тело
7. Ќе имаме секс од зади
Значи морав да бидам врзана за креветот, со прекриени очи, со блузон преку главата.
Да, го можеме ова. Можеме да бидеме Анастасија и Кристијан.
Се одлучивме за црвена кравата од полиестер која ја носеше само еднаш. Јас облеков панталони за јога и стара маица со дупки. Бевме подготвени за нашите улоги, чекор по чекор.
Чекор 1: Додека ја врзуваше краватата за моите зглобови, сфативме дека немаме за што да го врземе другиот крај. Душекот беше на подот. Одлучив да ги кренам рацете над главата и да се преправам дека сум врзана. 

Чекор 2: ја повлече маицата преку мојата глава. „Не можам да дишам“, извикав. Ја поместивме малку за да можам да дојдам до воздух.
Чекор 3: Го слушам како ги поместува картичките со упатствата. Не можам да верувам дека не можеше да запомни неколку едноставни работи! Слушам како оди до ладилникот по коцки мраз. Се слуша бука. Удара по пултот за да ги скрши коцките бидејќи се преголеми за мојата уста и папок. Го слушам како ги крши со голема лажица.

Чекор 4: „Ти недостасував ли?“ е првата работа која ја слушам по неговото враќање. Се обидува да го имитира гласот кој би можел да го има Греј. Му велам да престане бидејќи почнувам да се смеам и тоа ми го расипува расположението. Наредувам потполна тишина на сетот. Ме бакнува ослободувајќи ладно виски во мојата уста. Одлично виски.
Чекор 5: Повторно го слушам како претура по упатствата. Почнува да ми ја убива фантазијата. Потоа на мојот папок спушта коцка мраз. Проклето ледено!
Чекор 6: До оваа точка го следевме сценариото, но моето момче одлучи да ги фрли упатствата. Тлку долго сме во врска што знае точно кои копчиња треба да ги притиска. Нашата ипровизација беше успешна.
Читањето на книгата ми го „запали“ меѓуножјето, но…
испробувањето на нови работи во нашата спална соба ја врати забавата во нашиот сексуален живот. Не натера да успориме, да уживаме во секој бакнеж, секој допир, мазењето и се останато што главно го прескокнувавме или заборававме. 
Иако нема да ја прочитам другата другата книга, сепак сфатив една работа:
Смејата во спалната соба е подеднакво важна како и стенкањето од задоволство.Единственото вино кое го имав беше шише евтино Пино Ноар, подарок од неговиот шеф за празниците. Беше одвратно, но моето момче беше подготвено да с

Пронајдете не на следниве мрежи: