Еден турски војник почина, а над 820 заболени од цревна инфекција

Еден турски војник почина, а друг се наоѓа во критична состојба, откако вкупно 828 припадници на армијата на Турција од касарна во западниот округ Маниса заболеле од цревна инфекција, проследена со остра дијареа и повраќање, објави електронското издание на турскиот весник „Хуриет Дејли Њуз“.Весникот пренесува соопштение на Министерството на здравство на Турција во кое се наведува дека речиси 60-мина војници се задржани на болничко лекување, додека останатите по укажаната медицинска помош се вратиле во касарната.
Министерството наведува дека во касарната во Маниса испратила тим од десетмина медицински експерти кои треба да ја утврдат причината за инфекцијата.
Според гувернерот на Маниса, Мустафа Хакан Ѓувенчер најверојатно станува збор за бактериска цревна инфекција, меѓутоа Министерството нагласува дека точните причини за заболувањето ќе бидат соопштени дури по експертизата што ќе ја изврши десетчлениот медицински тим.Весникот пренесува соопштение на Министерството на здравство на Турција во кое се наведува дека речиси 60-мина војници се задржани на болничко леку

Пронајдете не на следниве мрежи: