Единствената економска и политичка теорија која ја почитува СДСМ и која ја реализира и кога е власт и кога е во опозиција е „колку полошо за народот и државата, толку подобро за аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ”.Единствениот проект кој го реализираше аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ изминатиов период е ширење на лаги и манипулации за девалвација на денарот. Девалвацијата што ја најавуваа не се случи, а народот и државата изгубија милиони евра заради деструкцијата на аболираниот криминалец Зоран Заев.
Тоа е кредибилитетот на СДСМ да говори за финансиите и економијата. Оставија 200 000 невработени на улица, затворија стотици фабрики и не реализираа ниту една капитална инвестиција, доколку како таква не го сметаат бесрамното богатење на партиската олигархија. Затоа сега им останува личната дисквалификација на секој кој работи во полза на државата и граѓаните.
Кадрите на СДСМ, како поранешниот дополнителен технички заменик министер за финансии Кире Наумов, се тие кои немаат економско познавање и секогаш делувале во насока да и наштетат на македонската економија. Дококу Кире Наумов знаеше економија и еврообврзницата се издадеше на предвидената сума во декември, државата ќе дојдеше до дополнителни средства во многу поповолни услови.
Но и Кире Наумов како и сите во СДСМ со своите обиди за блокирање на нормалното функционирање на Македонија, направиле само штета. Со креирањето на политичката криза и бегството на СДСМ од избори се оневозможува реализацијата на капиталните инвестиции.
Согласно изборниот законик, во предизборен период не може да се реализираат капитални инвестиции, а во Македонија само во првото полугодие имаше два обиди за избори според Пржинскиот договор, од кои СДСМ од петни жили се трудеше да избега и да ја доведува земјата во уште поголема нестабилност и состојба на криза, бидејќи кога Македонија е во криза, СДСМ е задоволен.
Министерот Кирил Миноски соопшти дека ниту еден капитален проект нема да запре. Ќе продолжи изградбата и на автопати и на регионални и локални патишта, и на железницата. Ќе продолжат изградбите на нови училишта, работата на гасификацијата, инвестициите во здравството и земјоделието. Министерот Миноски вчера соопшти дека капиталните расходи но и даночните приходи остануваат на повисоко ниво во споредба со минатата година.
Затоа СДСМ продолжува упорно да измислува, да лаже и да се заканува. СДСМ знае дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги реализира своите ветувања и вложува милијарди и милијарди евра во сите сфери, за разлика од СДСМ кој освен што ја задолжи Македонија со милијарди, не помести ниту едно камче во земјата, а не пак да направи нешто што ќе им го подобри животот на граѓаните.
Затоа веќе 11 години граѓаните не му дозволуваат на СДСМ да се приближи до власта. Затоа и СДСМ има фобија од појавување на избори и соочување со судот на народот.
Но, бегање нема. На наредните избори СДСМ ќе биде казнет 10-ти пат по ред за своето деструктивно однесување кое има единствена цел да го попречи норманото функционирање на земјата и да им нанесува директна штета на граѓаните на Република Македонија.Единствениот проект кој го реализираше аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ изминатиов период е ширење на лаги и манипулации за девал