четврток, 12 ноември 2026
Најново

Една чаша Цевитана и вие сте во тимот на обичните супер херои!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новиот супер херој на секојдневието ве чека зад аголот! Од сите нас, Цевитана направи херои на новиот ден. Тоа е пијалакот за сите генерации! Со неодамнешното ребрендирање и со новата комуникациска стратегија, Витаминка ја доближи Цевитана до пошироката јавност, доловувајќи им ги на потрошувачите и низ слики супер хероите од соседството. Тие се меѓу нас, доволна е една чаша освежителна Цевитана.Тоа го говорат и новите видео реклами за добро познатиот бренд, преку кои што се пресликуваат и се раскажуваат херојствата на обичните луѓе, фаќајќи се во костец со предизвиците на секојдневието. Во нив, на интересен и уникатен начин, со помош на дневната доза од девет витамини, потрошувачите на Цевитана полесно се справуваат со проблематичните ситуации во животот и секојдневните обврски, притоа претставувајќи се себеси како вистински супер херои. Кампањата и слоганот „За обичните супер херои“ само дополнително ја потврдија позицијата на Цевитана како омилен освежителен пијалак кај сите генерации, целосно посветен на нивните желби и потреби.
Новото пакување на Цевитана кое е карактеристично по светлите и разиграни бои, внесе нова свежина и препознатливост во јавноста, а промената во амбалажата се појави како oчекуван резултат од развојот на компанијата и на брендот, дополнето со вербата на менаџерскиот тим во квалитетот и во потенцијалот на овој инстант витамински производ.
„Покрај нашата визија и амбиција за иднината на Цевитана, новите времиња и новите интереси кај потрошувачите беа еден од главните предуслови за ребрендирањето, секако, прилагодувајќи се кон потребите на консументите и трендовите на пазарот. Паралелно со развивањето и со позиционирањето на брендот на македонскиот пазар, Витаминка вложуваше и во унапредување на технологијата, со што постојано го подобрува и квалитетот на витаминскиот пијалак. Но, и покрај иновативната промена на амбалажата, ја задржавме суштината на Цевитана, таа да остане и да продолжи да биде пијалак што е дел од секојдневнието на сите граѓани“, објаснува Владимир Трпаноски, Комерцијалниот директор на Витаминка.
Оваа промена во дизајнот и изгледот на амбалажата не е прво ребрендирање на Цевитана. Производот низ годините помина неколку фази на трансформација што овозможија тој да се претвори во подобар, помодерен и поквалитетен пијалак. Ставањето акцент на промените што асоцираат на здравје, виталност и свежина кај оние кои секојдневно го пијат овој производ, во минатото, а и сега, се покажа како позитивна, корисна и продуктивна кампања за целата публика.
Цевитана е добитник на наградата Супербренд и со својот квалитет претставува еден од најпознатите македонски производи присутен во секојдневието на граѓаните, снабдувајќи ги со потребната доза на витамини во текот на целиот ден.
И вие сте дел од тимот на обичните супер херои. Знаете, ви треба само една чаша Цевитана!
Тоа го говорат и новите видео реклами за добро познатиот бренд, преку кои што се пресликуваат и се раскажуваат херојствата на обичните луѓе, фаќајќ

Поврзани вести