ЕДНА РЕЧЕНИЦА му го сменила животот од корен. Денес е непрепознатлив!

Ричард Бренскам (26) по смртта на неговиот татко која се случила во 2015 година, утехата ја пронашол во храната и така со време достигнал режина од 206 килограми.Бил толку голем што не можел да седи ни во училишната клупа. Ричард не можел да се носи со својата тежина, но ни со семејната ситуација – неговиот татко бил целосно слеп поради дијабетисот од кој боледувал. 
– Бидејќи мојот татко боледуваше од дијабетис, повеќето работи морав сам да ги направам. Голем удар за мене беше кога мојот татко се разболе од воспаление на белите дробови, го најдов како лежи на под, кога му се доближив видов дека лицето му е модро. Беше ладен – раскажува ова момче за медиумите за ужасната траума која ја доживеал.

Бил во таква ситуација, што лекарите му рекле дека нема да го дочека 21. роденден. 
– Таа беше реченицата која ме освести. Се погледнав во огледало и навистина сфатив дека мора нешто да направам за да ослабам. Бидејќи не сакав да умрам млад, ниту животот да го поминам закован во кревет, свртев нов лист – раскажува Ричард.
Тој веднаш посетил нутриционисти кои му помогнале како да ослабне и заедно со физичка активност и со диета ослабел 135 килограми. Денес, тој дава совети за правилна исхрана.Бил толку голем што не можел да седи ни во училишната клупа. Ричард не можел да се носи со својата тежина, но ни со семејната ситуација – неговиот

Пронајдете не на следниве мрежи: