Една жртва во невреме во Атина

Една жена загинала, а десетина луѓе се заробени во автомобилите поради обилните дождови и пороите се појавија на улиците на Атина, при што властите истакнуваат дека станува збор за најобилните врнежи последните неколку децении во грчката престолнина,„Станува збор за најголемата бура од 1961 година. Зборуваме за период од 52 години во текот на кои не бевме сведоци на вакво отворање на облаците во оваа област“, изјави на грчката државна телевизија метеорологот Јанис Калианос.Според полицискиот извештај, 27 годишната жена најверојатно починала од срцев удар откако се нашла заробена во нејзиниот автомобил во поројот во северното предградие Халандра.Според локалните медиуми, водата е длабока до еден метар. Атинските власти тврдат дека во атинското предградие Папагоу за нецели три часа наврнале повеќе од 130 литри дожд на квадратен метар.Преку ноќта поголемиот дел од Атина останал без снабдување со електрична енергија, биле пробиени речните насипи, а сообраќајниот хаос во претпладневните часови целосно ја парализирал грчката престолнина.До пладнето, спасувачките екипи во Атина примиле повеќе од 900 повици од жители чии домови биле поплавени и 90 повици од луѓе кои останале заробени во нивните возила.
МакфаксЕдна жена загинала, а десетина луѓе се заробени во автомобилите поради обилните дождови и пороите се појавија на улици

Пронајдете не на следниве мрежи: