Еднаш, јас и мојот сопруг пиевме кафе во кафуле…

Јас и мојот сопруг седевме во кафуле и пиевме кафе…Тој беше млад и згоден. Многу го сакав.
Носев стар капут, кој ми го уништуваше животот. Се чувствував глупаво во него – Го мразев капутот. Не ме ни топлеше. Беше деформиран и ме правеше грда.
Кафулето беше евтино. Кафето немаше никаков вкус.
Си замислував дека еден ден ќе пиеме убаво кафе во скап ресторан, и дека ќе бидам облечена во скапа облека и ќе изгледам убаво. Очите на мојот сопруг сјаеа додека гледаше во мене. Тој ме сакаше, но не знаеше за што размислувам во моментот и зошто сум нерасположена.
…Тој почина млад. А јас останав сама.
Во наредните години, седев во стотици кафулиња. Испив иљадници шољи добро кафе. Поседував многу убави и модерни капути.
Но, тој не беше со мене.
Често се сеќавам на тој момент. Сега сфаќам дека тој бил се што ми треба во животот. А не сум била свесна за тоа.Тој беше млад и згоден. Многу го сакав.
Носев стар капут, кој ми го уништуваше животот. Се чувствував глупаво во него – Го мразев кап

Пронајдете не на следниве мрежи: