ЕДНОСТАВНИ ПРАВИЛА ЗА УБАВА КОЖА КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Секоја жена знае дека убавата кожа е основа на убавината. ЕДНОСТАВНИ ПРАВИЛА ЗА УБАВА КОЖА КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ
Секоја жена знае дека убавата кожа е основа на убавината. И додека интернетот и списанијата се преполни со стотици производи, третмани, совети, па дури и бизарни приказни за тоа како да ја задржите младоста и убавината на вашата кожа, резултатите до коишто дојдовме покажуваат дека решението е во едноставноста. Со оглед на тоа што убавата кожа многу често е и рефлексија на нашата здравствена состојба, не е чудно што она што го внесуваме во организмот е многу поважно за кожата од она што го нанесуваме на неа.  
Па, ако сакате да ги задржите нејзината убавина, свежина и влажност прочитајте ги следните едноставни, ефтини и ефикасни правила за тоа како правилно да ја негувате.
1.Заборавете на скапите лосиони и третмани.
И обидете се со најдобриот природен производ кој содржи антимикроби-медот, чијашто употреба може да биде многу поширока освен како сладок додаток на вашиот чај. Медот е чист, природен и ја привлекува и задржува влагата. Со оглед на неговото анти-надразнувачко дејство, медот е препорачлива ссотојка за сите оние коишто имаат чувствителна кожа подложна на акни. Производителите на козметика го користат медот како состојка скоро во сите свои производи за кожа, од лосиони за раце и навлажнувачи до обичните сапуни и купки.
За поголемо уживање и подобар резултат обидете се со овој едноставен рецепт за убавина.  Потребно ви е:
1 лажиче алое вера гел
Излупена крставица, семките треба да се отстранети
Половина лажичка чај од камилица
Половина лажичка мед
Начин на подготвување: Прво подгответе го чајот од камилица. Потоа крставицата, гелот од алое вера и медот се мешаат во блендер на помала брзина, па се додава чајот. Мешајте додека не се изедначи. Нежно нанесете под очите со кружни движења. Се чува во стаклен сад прекриен со пластична фолија во фрижидер најмногу една недела. Најдобро е да се применува разладено.
Освен оваа, постојат уште многу други природни маски за лице со мед кои може да ги испробате, кои може да вклучуваат лимон, јајца, бадеми итн.  и се исто така убави и ефикасни за вашата кожа.
 
 
2.  Убавата кожа е директно со поврзана со она што го јадете.
Според многу експерти од оваа област, нутриционизмот е силно поврзан со убавината на вашата кожа. Тие ги препорачуваат следниве совети за да ја одржите вашата кожа што е можно подолго млада.
Јадете цреши зошто тие се богати се мелатонин којшто помага да се зголеми заштитата од ултравиолетовото зрачење и го помага растот на клетките.
Останете хидрирани со помош на водата. Ова особено важи за летото, кога со зголемувањето на топлината и влажноста, вашето тело се поти повеќе и ако не ги надохнадувате течностите и електролитите изгубени преку потта, вашата кожа ќе изгледа сува и безживотна.
Искористете го летото за да јадете што повеќе љубеница. Освен што е богата со вода, таа содржи и ликопен, моќен природен антиоксиданс кој го заштитува и поврзува вашето кожно ткиво со што вашата кожа станува поцрвста, поизедначена и помлада. Овој антиоксиданс го подобрува и вашиот имунолошки систем и игра заштитна улога при настанување на многу видови на рак, меѓу кои е и ракот на кожата.
Додадете семки од калинка во вашата летна салата. Помагаат во намалувањето на воспаленијата на кожата, ја намалуваат штетата од ув зраци и со тоа директно го спречуваат предвременото стареење на кожата.
3. Одржувајте ја вашата кожа чиста.
Ова е основно правило кое сите го знаеме. Чистете ја вашата кожа двапати на ден или еднаш ако е сува. Користете ладна вода додека го чистете лицето. Таа ја зацрвстува вашата кожа, ја освежува и ги чисти маснотиите. Ова е особено важно да се направи пред да си легнете затоа што вашето тело излачува токсини преку кожата додека спиете. Ако порите на лицето ви се затворени од шминката или било каква нечистотија, може да се создадат пукнатини на лицето. Ако вежбате напорно и се потите многу со груба крпа избришете го лицето за да се отстрани солта и мртвите клетки.
4. Вежбајте.
Покрај сите бенефити од вежбањето кои ни се добро познати, тоа може многу да придонесе и за убавината на вашата кожа. Вежбајте надвор за да го почуствувате свежиот воздух и вашето тело полесно да се ослободи од мртвите клетки. Активностите како пешачење, трчање, возење велосипед и слично се добри кардиовискуларни вежби кои ви даваат енергија и придонесуваат за подобар тен.
5. И секако не заборавајте добро да се наспиете.
И за крај, без разлика колку и да внимавате на вашата кожа целата нега е без поента ако не спиете доволно. Од седум до девет часа здрав сон се потребни за да имате доволно енергија и да изгледате убаво. Сонот е најдобрата тајна на убавата кожа.
П.К.ЕДНОСТАВНИ ПРАВИЛА ЗА УБАВА КОЖА КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ
Секоја жена знае дека убавата кожа е основа на убавината. И додека

Пронајдете не на следниве мрежи: