Сѐ што ви е потребно се четири компири, 2 млади кромитчиња, две јајца и малку брашно.Излупете ги компирите и изрендајте ги. Посолете ги, а потоа попарете ги. Изматете ги јајцата и во нив додадете го ситно исецканиот млад кромид.
Изматените јајца и кромидот додадете ги во попарените компири. Додадете малку брашно, но онолку колку што ќе ви биде потребно да добиете компактна смеса.
Во длабока тава загрејте го маслото за пржење. Земете од смесата со компирите и ставете ја во жешката тава. Притиснете со лажица за да добиете палачинка.
Кога смесата ќе се запече од долната страна, внимателно свртете и печете од другата страна.
Направените палачинки оставете ги да се исцедат од маслото на кујнска хартија, додека правите премаз со кој ќе ги послужите. Доволно е премазот да го направите од сирење и павлака. Во премазот, по желба додадете и малку буковец.
Премазот послужете го со топлите палачинки.
*Во палачинките можете да додадете и изрендани моркови, тиквички и целер. На коренестетиот зеленчук добро ќе му одговараат и посилни зачини, како што се кари и кумин.Излупете ги компирите и изрендајте ги. Посолете ги, а потоа попарете ги. Изматете ги јајцата и во нив додадете го ситно исецканиот млад кромид.