На 4.12.2015 година, во просториите на Општина Аеродром се одржа првата од серијата средби меѓу претседателите на Заедниците на сопственици и претставници на полицијата.На средбата присуствуваа околу 20-на претседатели на Заедниците на сопственици, кои учествуваа во дебатата за спречување кражби во домот.
За време на презентацијата претставниците од МВР потенцираа неколку совети за начините како да се заштитиме од кражби, како што се затворање на сите врати и прозорци во домовите и автомобилите, да се негуваат добрососедските односи, да не се дозволува непознато лице да влезе во домот и секоја сомнителна ситуација да се пријави во полиција на телефонскиот број 192.
Преку едукацијата на Заедниците на сопственици и граѓаните се очекува да се зголемат безбедносните мерки и безбедносната култура. На овој начин би се подобрила и соработката на граѓаните со полицијата, така што би се стеснил просторот и би се отежнале условите за вршење на кривичните дела.
Инаку, ова е прва средба од циклусот вакви настани, кои ќе се одржуваат еднаш неделно со сите претседатели на Заедниците на сопственици од сите населби на општината.
На 11.12.2015 година (петок) ќе се одржи втората од серијата средби меѓу претседателите на Заедниците на сопственици од реонот Јане Сандански и претставници од полицијата, па затоа Општина Аеродром ги поканува заинтересираните граѓани да присуствуваат на едукативните предавања и да се пријават на телефонскиот број 2401-542 или на [email protected].На средбата присуствуваа околу 20-на претседатели на Заедниците на сопственици, кои учествуваа во дебатата за спречување кражби во домот.