На 22.06.2016 год. во Ресен во Спомен Куќата на Татарчеви, беше организирана интерактивна едукативна работилница за деца од основните училишта, на тема „Иванденски празнувања во Ресен“.Работилницата беше реализирана од страна на д-р Луческа Ели и д-р Стојанова Мери, и претставува една од низата активности за подигнување на јавната свест на локалното население за значењето и специфичноста на овој празник.
Празникот „Иванка“ од почетокот на 2016 год. на национално ниво, е прогласен за нематеријално/духовно културно наследство, со режим на заштита од прв степен, во категоријата особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Ни преставува големо задовоство што традиционалните карактеристики на нашата локална заедница во Преспа , се препознаени од националните институции и што се превземаат активности кои одат во насока на нивна промоција. Истите за нас преставуваат и заштита на нашиот духовен белег но и одлична можност да се стават во функција на туризмот во Општина Ресен – изјави Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
Предвидените активностите се реализираат согласно Националната стратегија за развој на културата 2013-2017 г. на Република Македонија, а носител е ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, во соработка со Општина Ресен.Работилницата беше реализирана од страна на д-р Луческа Ели и д-р Стојанова Мери, и претставува една од низата активности за подигнување на јавната