Форумот на жени ГРОМ – Карпош се придружи кон активностите на глобално ниво за одбележување на 25 Ноември – Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и семејното насилство. По тој повод на 11 ноември се одржа трибина „Насилство врз жените и семејно насилство“, на која со свое стручно излагање настапи Тања Пантелиќ Гишев, дипломиран социјален работник.Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права што феноменолошки се манифестира како резултат на дискриминаторски третман односно нееднаквост помеѓу мажите и жените. Насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.
Беа елаборирани мерките за препознавање, превенција и заштита од сите видови насилства на родово базирано насилство како и семејното насилство. На трибината беа изнесени сознанија за сите видови на насилно однесување: физичко насилство, психолошко, економско и сексуално насилство.
Изнесена беше детална анализа на најчестите причини за насилството, динамиката на семејното насилство, искуствата и очекувањата на жртвите од институциите, последиците од сите видови насилство врз жените и семејното насилство, мерките за препознавање, превенција и заштита, како и статистичките податоци за родово базираното и семејно насилство во Република Македонија.
Со регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство на Република Македонија се постигна хармонизирање со меѓународните стандарди, со што Република Македонија се вброи во редот на државите кои покрај задолжителното давање соодветна заштита на жртвите на семејно насилство, воведе и комплементарна правна заштита на жртвите на семејно насилство.
Трибината побуди огромен интерес кај присутните жени, се поставија интересни прашања, повратно се одговори со издржани образложенија, се изнесоа бројни примери за насилство врз жените и семејното насилство, последиците кои насилството го остава врз жртвите и нивните семејства, како и улогата на семејството, училиштата и севкупните институции на општеството за превенцијата од овие видови насилство, кои се почесто се среќаваат во нашето опктужување.
Форумот на жени ГРОМ – Карпош и понатаму продолжува со бројни активности и едукативни трибини од областа на женските права и положбата на жените во општеството.Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права што феноменолошки се манифестира како резултат на дискриминаторски третман