Наставнички од основните училишта „Лазо Ангеловски“ и „Браќа Миладиновци“ неодамна реализираа едукативно- хуманитарен проект: „Прави мали дела со голема љубов“ во ООУ „Кирил и Методиј“ во село Стајковци.
Во рамки на проектот двете училишта донираа 53 комплети ученички прибор за учениците од второ одделение од с. Стајковци и с. Страчинци.
Целта на проектот е едуцирање на учениците за одржување хигиенски навики при консумирање овошје и зеленчук, едукација за здрава исхрана и дружење со учениците преку едукативни активности.
Исто така, минатата сабота кај Спомен куќата на Маја Тереза се организираше хуманитарен настан „Круг на хуманоста 2016“, кој се организираше по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица на 4 септември 2016 година, како и по повод одбележувањето на Светскиот ден на милосрдието (5 септември) што глобално се организира по четврти пат почнувајќи од 2013 година (кога во Македонија беше организиран и првиот Круг на хуманоста).
Целта на овој хуманитарен настан беше со собраните монети кои се оставаа во круговите околу куќата на Мајка Тереза, да се набави училиштен прибор за децата од поплавените подрачја во Скопје.
Во рамки на проектот двете училишта донираа 53 комплети ученички прибор за учениците од второ одделение од с. Стајковци и