Ефтим Шаклев во името на сите сточари изрази големо задоволство од одлуката на Владата за легализација на фармите

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделците, Ефтим Шаклев во името на сите сточари изрази големо задоволство од одлуката на Владата за легализација на фармите, притоа додавајќи дека ваквата одлука ќе придонесе за развојот на сточарството во Македонија. 
-Со оваа одлука на Владата за легализација на фармите се решава еден крупен проблем во сточарството и ова ќе придонесе во развој на сточарството во Македонија. Од сега па натаму ќе има позитивна пресвртница за развој на сточарството, изјави Шаклев.
Тој во името на сите фармери се заблагодари на министерството за Земјоделство, како и на Владата за како што рече за нивното ангажирање и разбирање кое го имаат кон земјоделците.
-Во името на 42 илјади фарми кои можат да го легализираат својот објект и благодариме за своето посебно посебно ангажирање на министерството за Земјоделство, особено на министерот, Михаил Цветков на заменикот-министер, Ванчо Костадиновски, за своето посебно ангажирање исто и на Владата, која со својата одлука, со разбирањето кое го има за земјоделците, со сите досегашни прописи кои ги донесува, која има посебно разбирање за нашите барања и потреби и нивните одлуки одат во правец на развивање на едно модерно, современо, профитабилно земјоделство. Нашите производи морат да бидат конкурентни на Европските производи. Со оваа одлука, ние сега може да имаме имотни листови на нашите фарми, со што нашите фарми ќе добијат финансиска вредност. Со оваа финансиска вредност ќе може да ги користиме сите извори на финансии во Република Македонија, ќе може да ги користиме средствата за подршка на земјоделството од ИПАРД програмата, ќе може да ги користеме средствата од Македонската банка за развој и подршка која има со три посто камата и едноставно ова е иднина на македонското сточарство. Ќе може да ги реновираме нашите фарми, да ги модернизираме, со што ќе го зголемиме и производството и квалитетот и квантитетот и затоа ова одлука е од животно значење за сточарството во Македонија, заклучува Шаклев.
 
  
-Со оваа одлука на Владата за легализација на фармите се решава еден крупен проблем во сточарството и ова ќе придонесе во развој на

Пронајдете не на следниве мрежи: