Ефтов до СДСМ: Од што се плашите!? Од народот!?

Новинарот Васко Ефтов, често е мета на поддржувачите на СДСМ поради своите јасно искажани ставови.Ефтов јасно се противи на деструктивната политика на СДСМ, посебно поради фактот што партиските членови на сила сакаат да дојдат на власт, изразувајќи незадоволство од секоја можна владина одлука и вршење притисок со помош на странски фактори.
По тој повод, Ефтов одлучи да ги расчисти нештата:
„Што толку се возбудивте!? Што кажав толку лошо за така да реагирате!? Само сугерирав дека во кризни времиња легитимитетот се враќа кај народот и народот се прашува како и каде да се движи државата.
Што е лошо ако има(ше) избори на 5-ти јуни. Од политички аспект тие избори ќе беа нелегитимни со учество само на една партија (што и го напишав во саботата), но тие избори можеа и требаше да бидат референдумско гласање на граѓаните. Значи можеше лани да има референдумско гласање на граѓаните за Градскиот Трговски Центар во Скопје, но не може сега на 5-ти јуни. Види богати. Лани не беше проблем избирачкиот список – иако една година пред тоа Заев ги прогласи парламентарните избори за фалсификувани, а сега со ваков список не може да се оди на избори.
 И овие кои сега протестираат против избори на 5-ти јуни лани беа главни агитатори на референдумот за ГТЦ. Тоа е принципиелност на соросов начин.
Од што се плашите!? Од народот!? Во тоа ли е проблемот!? Нели е народот на улици – што е проблем истиот тој народ да го донесете на избирачките места!? Можевме да видиме дали граѓаните и народот веруваат во нашето изборно законодавство, дали веруваат дека државата може да спроведе фер избори и дали излезот од кризата треба да се бара во избори или во влада (канта тропа) на широка коалиција. И што ако во среда (или некој ден понатаму) се свика Парламентот на РМ!? Ќе славите или ќе жалите!? Ќе го боите или ќе го кречите!? Зошто на референдум да не се одлучи дали шефот на државата треба да има можност да аболира? Тоа нема да биде референдум дали Иванов треба да аболира криминалци, бидејќи криминалци веќе имаат аболирано и Трајковски 2001 и Црвенковски 2008 година.
Мислам на политички криминалци кои биле дел или се и сега дел од високата политика. Јас сметам дека Претседателот на РМ не треба да има можност да аболира. Но тоа не го мислам само сега. Тоа го мислев и 2001 и 2008 година. А вие го мислите само сега. Во тоа е разликата. Затоа сте така крвјосани во очите и песјосани во забите. А што ако списокот на Иванов значи елиминација од политиката на тие што се аболицирани!? Не сте помислиле на таа можност. Можеби е поважно да видите кој не е на списокот на аболицирани , а не кој е на списокот на аболицирани. Нема да ви кажам ништо ново ако кажам дека е ова лошо време. Ова е многу покрупна игра од името на државата. Многу поширока е сликата. Затоа во вакво време се игра сто отсто патриотски и да „загине“ човек да не му се срами детето да прошета по улица. Во ова време се игра само за чест и да бидеш на вистинската историска страна. Јас ова го кажувам за себе, а другите – кој како сака или како мора така нека се однесува. Кога не знаеш како да се однесуваш – слушај го народот што шепоти. Зошто кога ќе почне народот да вика, ќе биде доцна.“
Ефтов јасно се противи на деструктивната политика на СДСМ, посебно поради фактот што партиските членови на сила сакаат да дојдат на власт, изразува

Пронајдете не на следниве мрежи: