Ефтов: Конфликтот во СДСМ е за фотељи и за скапи автомобили

Во вчерашната емисија ,,Во Центар” на Васко Ефтов, во која гостин беше Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ Мики Вуиќ, кој воедно е и главен партиски адвокат на СДСМ. Васко Ефтов обелодени дека конфликтот во СДСМ е за фотељи и за скапи автомобили.Ефтов на мошне илустративен начин посочи доколку СДСМ  имаат можност сега да влезат во Влада и од емисија трчајќи ќе излезат и микрофон ќе фрлат само што побргу да стигнат во Влада.
-Значи многу тврди сте за влагање у Влада, па сега да ве викнат у Влада ќе фрлите тука и микрофон ќе фрлите се… Па побрзо од овој Усеин Болт има да се истрчате у Владата ќе влезете. И медиуми ќе продадете и избирачки список само да сте дел од власта, Ауди да се паркира по можност 8-ца.
Ефтов, кој е долгогодишен познавач на ситуацијата во опозицијта, посебно во СДСМ, обеледенува дека конфликтот во СДСМ секогаш кога се на власт се заснова кој поубав автомобил ќе вози и кој на подобра директоркса фотеља ќе седи. На сево ова Вуиќ само благо се смешкаше, знаејќи ја вистината, ништо друго изгледа не му преостанувало.
-Господине Вуиќ некаде кога СДСМ е дел од Широката Влада има во порталите блиски на СДСМ конфликт , кај што се напаѓа од една страна Ременски, од друга страна Оливер Спасовски. Знаете зошто е конфликтот, бидејки на Ременски не и се даде поубаво Ауди, тука е основата на конфликтот, значи пазете партија која е градена на фотељиче, на Ауди, на одредени ВИП третманиитни… Сега вие велите поставуваа услови за влагање во власта,  ама трчечки ќе влезете у власта.
Многу очигледно е дека во СДСМ се се заснова на чиста материјална корист посебно ако се земе в предвид дека Фросина Ременски, која беше Технички Министер од оваа партија во ,,Широката Пржинска Влада” првично била член на ВМРО-ДПМНЕ, за потоа да биде и Потпретседател на СМК (Светскиот Македонски Конгрес), но очигледно дека ни во ВМРО-ДПМНЕ, ни во СМК не можеле да и ги задоволат нејзините големи апетити за скапи автомобили, високи државни позиции и скапи ВИП третмани, па морала да отиде во партијата која ги има сите овие карактеристики.Ефтов на мошне илустративен начин посочи доколку СДСМ  имаат можност сега да влезат во Влада и од емисија трчајќи ќе излезат и микрофон ќе фрл

Пронајдете не на следниве мрежи: