Егзотични животни во ЗОО-Скопје и нов Луна Парк за неколку години

Со пристигнување на новите егзотични животни, скопската зоолошка ќе стане уште поатрактивно место за граѓаните, а за неколку години, главниот град ќе добие и Луна Парк во кој ќе уживаат младите, но и повозрасните.Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, открива детали.
-Слон во зоолошката градина требаше да имаме уште пред неколку години кога беше изградено живеалиштето за слонот и жирафата по сите стандарди. Тогаш не успеавме да добиеме слон пред неколку години. Сега градиме ново живеалиште во вредност од пола милион евра, а според проценките истото треба да биде готово октомври, евентуално ноември месец. Зоолошка градина без слон не е золошка градина, а децата со нетрпение го очекуваат неговото пристигнување. Живеалишта се прават и за пингвини, и за мајмуни, па зоолошката градина ќе продолжи да биде атрактивно место за граѓаните, изјави Трајановски.
Тој додава дека во Зоолошката градина секоја година се инвестира.
-Ова стана едно преубаво место, особено преку викенд е преполно. За жал тендерот за Луна паркот пропадна. Се надевам дека до крајот на годинава ќе се инсталираат оние забавни атракции, справи, па за неколку години ќе добиеме еден убав Луна парк во кој ќе уживаат младите, но и возрасните, вели Трајановски.Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, открива детали.
-Слон во зоолошката градина требаше да имаме уште пред неколку години кога

Пронајдете не на следниве мрежи: