Еврозоната и тековната 2013 година ќе биде во рецесија со пад на бруто домашниот производ (БДП) од 0,3 отсто, а на нивото на целата Европската унија би требало да биде остварен минимален раст од 0,1 процент, покажуваат економските прогнози на Европската комисија, објавени во петокот во Брисел.Постепен раст, Европската комисија, очекува следната 2014 година, и тоа во еврозоната од 1,4 отсто и во Европската унија од 1,6 проценти.Така, Комисијата ги намали своите прогнози во однос на минатата есен, која за годинава предвидуваше раст од 0,4 отсто во зоната на користењето на единствената европска валута, односно монетарната унија.Годинава се очекува зголемување на невработеноста во еврозоната, којашто би можела да достигне до 12,2 отсто, од минатогодишните 11,4 проценти.Меѓутоа, тука станува збор за голема разлика меѓу земјите членки, па така стапката на невработеност во Шпанија и Грција надминува 25 отсто.„Урамнотежувањето низ коешто минува европската економија и натаму влијае врз растот во краткорочниот период. Актуелната ситуација можеме да ја резимираме на следниот начин: имаме разочарувачки податоци од крајот на минатата година, малку подобрите податоци во последно време и раст на довербата на инвеститорите во иднината. Неодамна преземената решителна политичка акција го подготвува патот кон заздравувањето. Мораме да го задржиме реформскиот ритам, за да не го загуби залетот во враќањето на довербата, што би го одложило економското закрепнување и создавањето работни места“, изјави комесарот за економска и монетарна политика, Оли Рен.Фискалниот дефицит во 2013 година би требало да падне на 3,14 отсто од БДП-то во еврозоната, а во ЕУ на 2,8, отсто,. Од друга страна, јавниот долг би требало благо да расте поради изостанувањето на економскиот раст.
МакфаксЕврозоната и тековната 2013 година ќе биде во рецесија со пад на бруто домашниот производ (БДП) од 0,3 отсто, а на нив