ЕКИПИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И ДЕНЕСКА МЕЃУ ПОПЛАВЕНИТЕ ВО КАТАСТРОФАЛНОТО НЕВРЕМЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија и денеска /11.08.2016 година/ се на терен во  населеното место Сингелиѓ  и ги расчистуваат последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје. –       Активностите за расчистување на терен продолжуваат без застој, работиме со мали камиони-скипови, со камиони и цистерни, но таа механизација не е доволна и апелирам до сите фирми и компании коишто имаат помала механизација да се вклучат во расчистувањето и да ја стават на располагање. На терен има многу доброволци, мислам дека денеска има околу 500 граѓани  и очекуваме овој број двојно да се зголеми, коишто со лопати и колички се вклучија во расчистувањето на куќите и на дворовите. И во текот на изминатата ноќ екипите беа на терен и ги расчистуваа непристапните улици, апелирам граѓаните да покажат трпение и разбирање додека трае акцијата за расчистување, свесни сме дека тие претрпеа огромни штети и ние вложуваме надчовечки напори да им помогнеме. Во расчистувањето на дворовите најмногу се вклучени работниците на градските јавни претпријатија, војската којашто е вклучена и во делењето на хуманитарната помош, но и многу граѓани коишто дошле со своите трактори за да ги изнесат наносите од понепристапните дворови и места, коишто потоа со поголеми камиони се носат во депониите- изјави денеска градоначалникот Трајановски.
 
Екипите на Град Скопје ќе останат на терен се додека не се создатат услови граѓаните да се вратат во своите домови. –       Активностите за расчистување на терен продолжуваат без застој, работиме со мали камиони-скипови, со камиони и

Пронајдете не на следниве мрежи: