Еклстон на состанок со бахреинската опозиција

Берни Еклстон најави дека во наредните денови ќе се сретне со преставници на опозицијата во Бахреин, кои бараат трката во Формула 1 да не се одржува во нивната земја.

Големи протести на опозицијата и оваа година се случуваат во Бахреин, во пресрет на трката, а Еклстон се надева дека во разговири со опозицијата ќе ја добие нивната поддршка за одржување на трката. „И минатата година разговаравме на оваа тема и немаше никави проблеми. Се недевам дека луѓето ќе разберат дека Формула 1 е важна за Бахреин. Некои луѓе мислат дека ние сме виновни за проблемите во државата, но тоа не е точно. Ние можеме само да помогнеме“, истакнал Еклстон. Инаку, во сезоната 2011 трката во оваа азиска држава не се одржа, а иако беше под знак прашалник во минатата година таа сепак се одржа. Поранешниот шампион во Формула 1, британскиот автомобилист Дејмон Хил, жестотко ги критикува челниците на ФИА, поради тоа што трката во Бахреин сé уште ја има во календарот на Формула 1. Трката за Големата награда на Бахреин, на патеката Шакир, ќе се вози на 21-ви април.
Макфакс
Берни Еклстон најави дека во наредните денови ќе се сретне со преставници на опозицијата во Ба

Пронајдете не на следниве мрежи: